Header Ads

(Интервју) Марина Тошиќ: Анета Мицевска -Молика е голем талент, можам 24/7 да ја слушам и гледам!

Марина Тошиќ која повеќе од една година живее и работи во Софија, даде ексклузивно интервју за нашиот сајт. Од него ќе научите на која македонска пејачка и се восхитува, како и која бугарска ѕвезда ја смета за најголема на бугарскиот музички пазар. Какви и се музичките планови за иднина, и дали има намера во иднина да запиши и песна на српски јазик. Сето тоа и уште многу работи ќе дознаете од интервјуто, доколку го прочитате цело.

Здраво Марина. Веднаш го привлече  вниманието на бугарската публика со секси визијата, со карактеристичниот глас и со различниот начин на пеење. Зошто одлучи да ја напуштиш Македонија по неколку години живеење овде и замина да работиш Бугарија?

Здраво, најпрвин ти благодарам за компиментот. Отсекогаш целта му била Бугарија или подобро кажано "Пайнер", а додека се трудев да си ја оставрам желбата ја започнав кариерата точно во Македонија и беше на шега и не планирано.

Мислиш дека има разлика помеѓу попфолкот во Македонија и попфолкот во Бугарија? Не мислам само на скапите спотови и одличните песни, но и на местата на кои има можност да се исполнува овој тип на музика?

 Има огромна разлика како целина во се!
Твоите колешки Елена Јовческа, Елена Велевска, Татјана Стефановски, Џесика Палашоска, Анета Мицевска (од групата Молика) останаа и покрај сè да работат тука, да не имаш намера некогаш во иднина и да запишеш некој дует со нив како еден вид чест кон македонската публика која многу убаво те знае?

Анета Мицевска е страшен глас, чудесен талент и многу убава жена, која можам 24/7 да ја слушам и гледам и пак да не ми здосади (се смее).

Но, за сите оние кои не се добро запознаени со твојата музичка кариера, затоа што си нова пејачка, ќе ни кажеш ли накратко нешто повеќе за себе?

Ако започнам да раскажувам ќе ни требат минумум три дена ( се смее). Но, во кратки црти, Марина е многу амбициозна, упорна, доста забавна и секогаш достапна за нови работи, за блиските луѓе и пријатели.
Сметаш ли дека музичкото образование е клучно за еден човек да постигне завидна кариера во жанрот?

Не, се е во среќата!

Се сеќаваш ли твојот прв  јавен настап? Како се чувствуваше после него?

Се сеќавам пред се, беше во Загреб и бев мнoгу нервозна после него J



Која од бугарските пејачки е твоj идол, бидејќи знам дека на твои поранешни настапи низ Македонија, исполнуваше често песни од Преслава?

Идол немам, но се восхитувам и ми се допаѓа во секоја смисла – Галена!
Откако се занимаваш со музика, твојот имиџ доживеа целосна трансформација. Дали тоа е знак дека вие пејачките треба постојано да бидете различни?

Секогаш и насекаде, јас сакам да експерементирам со мојот изглед.

Што би им кажала на луѓето кои имаат негативно мислење за тебе?

Тие воопшто не ги забележувам.

Откако потпиша со „Пайнер“, издаде три песни. Првата твоја песна „Любовница“ излезе во јануари оваа година. Како се одлучи токму таа да биде твојата визит карта?

Секоја од моите песни до моментот, се дел од некое мое лично преживување, а „Любовница“  беше песнаа која од сите предложенија, без да ја слушнам два пати ми се допадна со различниот стил и со самата енигма во музиката и сакам понатаму да ја запишам и на англиски јазик.
Песната "Твојот нов порок" е напишана по твој текст и со неа учествуваше на фесивалалот "Роса" во 2014 година. Раскажи ни повеќе за твојот настап тогаш?

Ми имаа предложено да учествувам, но искрено не бев многу заентересирана да учествувам на тој фестивал, но на крајот ме убедија и испеав песна која е далеку од мојот вкус, за тоа се решив јас да го напишам текстот и да вметнам мала првокација како цело, за да има нешто кое сепак да е карактеристично за мене.

До овој момент имаш ли добиено покана да учествуваш на големиот концерт на Планета Тв на 22 ноември во салата "Арена Армеец"?

За жал нема да можам да учествувам на концертот за роденденот на Планета Тв, но ќе се видиме на концертот за наградите, само да сме живи и здрави до тогаш.
Во песната „Авантюра“ имаш дел и на српски јазик, мислиш ли во иднина можеби и да запишеш и целосно песна на тој јазик?


Големо „Да“, имам планови да запишам песна целосно на српски, затоа што бугарите, а и општо балканците многу ја сакаат српската музика и сепак јас сум една горда србинка!

Со најновиот твој музички проект "Черта ти слагам" предизвика воодушевување меѓу фановите имајќи во предвид дека парчето ти го оценија највисоко до овој момент. Со која екипа работеше овој пат?

Да, така е и многу сум среќна од тој факт. Екипата со која работев е целосна нова. Музиката и аранжманот се на DIAMOND BEAT PRODUCTION, текстот е на една многу талентирана текстописка Анастасија Мавродиева, а видеото е на добро познатиот Људомир Иларионов – Љуси.

Во моментов подготвуваш ли ново парче за зима? Ќе може ли да ни кажеш некој детал повеќе за тоа?

Во моментот осмислуваме какво е да следното парче, затоа што „Черта ти слагам“ е многу добро примена, така да следното треба да е минимум два пати подобро и не брзам да пуштам песна додека не се средат работите докрај.
Што е најважно за тебе, кога избираш нова музика или текст за идниот проект?

Најважното е да се гледам себе си во дадениот проект како целина и кога ќе слушнам даден текст или музика да кажам, да тоа е за мене J

Имаш доста концерти зад граница, какви спомени имаш од нив?

Да, така е имам многу убави спомени и доживувања на секое едно место каде што сум била, дури и ми недостасуваат некои од нив.
Како сакаш да го поминуваш слободното време кога немаш многу обврски?

Јас сум една голема авантуристка и секое слободно време го користам за да отпатувам на некое место каде што не сум била.Сакам да патувам тоа ме полни со позитивна енергија, да запознавам нови луѓе, да се забавувам со пријатели, да си пијам по нешто и уште многу работи.. J

Имаш чувство дека популарноста тe промени?

Не, мене ништо не може да ме промени, не барем на лошо.
Кои се предностите , а  кои се слабостите според тебе кога си јавна личност?

Предности има многу, а негативната страна исто така во дејствување, немаш толку многу време за себе, немаш многу спокојство, секогаш има работи кои те вадат од такт и благо ќе те засегнат, но во крајна сметка јас сум со силен карактер, се справувам со тие работи и сум среќна.

Познато е дека на тебе мажите често ти досадуват, се сеќаваш ли на  некој интересен начин на кој се  обиделе  да ти се приближат?

Има многу интересни ситуации, но ете последното беше дека едно момче имаше измислено дека му е роденден и ме покани по секоја цена да пејам на настанот, значи само и само за да ме види и да се запознае со мене, исто така и во некој клуб кога ќе сум, ќе ми пристигни некој телефон по келнерот за да го запишам мојот, но тоа нема како да се случи J

За крај, ти посакувам се најдобро, многу убави песни, љубов, радост и наскоро  и настап во Македонија повторно. Твојата порака до нашите читатели?


Благодарам, ви посакувам многу забавни моменти, пријатни емоции, многу авантури и уште повеќе насмевки.

Автор - Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.