Македонската ѕвезда Елена Велевска стана дел од „Пайнер“
Ѕвездата на македонската сцена Елена Велевска е најновото музичко име во бугарската музичка компанија "Пайнер".
Имено за потребите на празничната Новогодишна програма "Ноќ на ѕвездите" на телевизија "Планета" која беше снимена во хотелот „Маринела“ во Софија, таа се претстави со чисто нова песна која се вика “Погледни ме за крај“.Овој месец Елена ќе снима и видеоспот за песната со режисерот Стојан Стојановски и неговиот тим од "2S" студио. Песната е по музика и аранжман на Роберт Билбилов и текст на Огнен Неделковски и само пред една недела беше претставена во нашата земја, со што предизвика позитивни коментари.
Автор - Наташа Секуловска
No comments