(Видео) Маја Беровиќ: "Izvini Tata" е реална слика на денешниот свет на младите!
Сексапилната
босанска пејачка Маја Беровиќ, која после неверојатниот успех на песната „To me
radi“, која брои повеќе од 30 милиони прегледи на YouTube и со неа го зацврсти
својот статус на музичка ѕвезда, пред два дена го претстави својот нов
високобуџетен спот за песната „Izvini Tata“, кој е трет музички проект од неа
за оваа година.
Синглот, кој
првобитно имаше работен наслов „Apstinencija“ и предизвика многубројни
коментари во јавноста, е дело на композиторот Дамир Хандановиќ, додека пак
првокативниот текст е на Марина Туцаковиќ. Спотот е режисиран од страна на TOXIC
ENTERTAINMENT и изобилува со доста првокативни и опасни сцени, кои го
покажуваат денешниот свет на младите.
Автор - Наташа Секуловска за Estrada World
No comments