Анелија сними спот за песната „Дай ми още “во Истанбул, вади и втора верзија на турски јазик!
Одделот за Култура
и туризам од Амбасадата на Република Турција во Бугарија го подржа снимањето на последниот видеоспот на бугарската ѕвезда Анелија за песната
“Дай ми още”. Благодарение на нив, пејачката на своите фанови им прикажа
спот претставен како вистинска бајка,
кој е дело на режисерот Павлин Иванов - Bashmotion.
Песната е реализирана во две верзии - на бугарски и на
турски јазик и затоа Истанбул беше избран за место на снимање. “Дай ми още” е
дело на композиторот Даниел Ганев, бугарски текст на Петја Радева, а турскиот е
поклон од нејзиниот колега Тони Стораро. Ѕвездата на "Пайнер" доби
дозвола да снима насекаде низ Истанбул и стана единствената Бугарка, која
во палатата Чиран сними спот, а имено каде
што се снимаат едни од највисокобуџетните серии и кинопродукции во Турција, а киријата за половина ден изнесува 30 000
евра и се чека за ред со месеци.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Теди Грозданов
No comments