(Интервју) Елена Велевска:„Во истрајноста е тајната на мојот успех“
Нашата најпозната пејачка Елена Велевска, која од неодамна
потпиша договор со бугарската музичка компанија „Пајнер“, даде ексклузивно
интервју за нас, од кое ќе дознаете многу детали сврзани со нејзината музичка
кариера.
21 година градите успешна кариера во Македонија, без некои посебни скандали. Според
вас, кој е рецептот за да бидеш успешен во поп фолкот денес?
вас, кој е рецептот за да бидеш успешен во поп фолкот денес?
Кога нешто работиш со љубов,искрено и без задни намери ќе имаш резултати.За оваа професија е најбитно да си свој.Jас ја имав таа среќа публиката да ме прифати од самиот мој почеток и тоа трае до ден денес.Индивидуално е,но посветеноста е најбитна,љубовта која им ја пружиш на публиката и едноставноста.
Имено започнавте да пеете во далечната 1995 година, кога ја објавивте првата песна „Сонувам“. Кој тогаш ви подаде рака, за да започнете професионално да се занимавате со музика?
Како дете чекав што побрзо да пораснам.Прв ми подаде рака Игор
(музичар од мојот роден град Прилеп)со него ја снимив песната "Сонувам".
После тоа мојата прва касета ја снимав со Дејан Момироски музички продуцент и соработник со кој работам 20 години.Последниве години имам свој ПР тим кој многу ми помага.Најголемата подршка во тоа време кога почнував,а имав 15 години беше и остана моето семејство.Додека моите другарки изглегуваа и бркаа симпатии,јас без да знаат моите родители одев во ресторани кои работат со музика во живо и сакав да гледам како се работи,кои песни се пеат,запишував и ги учев песните кои беа актуелни.Така музичарите го забележаа мојот интерес кон музиката и имав простор да испеам некоја песна.Упорноста и истрајноста ме донесоа овде каде што сум.
Вие бевте и првата пејачка која започна да снима и видеоспотови, имено за песната„Пу, Пу машала“. Се сметате ли себе си како иноватор во музиката во Македонија?
Многумина знаат да кажат дека јас сум таа која направила револуција во фолк музиката кај нас,јас сум прва која се потруди да реализира видео спот со приватна продукција кој во тоа време1997,чинеше 1500 марки,без ничија помош го реализирав и продолжив да снимам високо буџетни спотови до ден денес и така ќе биде и понатаму.Со моето појавување како да ги потикнав моите колешки поинаку да размислуваат,да вложуваат во себе,со моето појавување ги поставив темелите на свежата крв на фолк музиката во Македонија.
Кога станува збор за вашите колеги, никогаш сте немале конфликти со некои од нив, но тие честопати меѓусебно се оспоруваат. Дали е тешко да се биде измеѓу два огнови?
Јас не сум конфликтна личност, ни во приватниот, ни во професионалниот живот.Го почитувам секој оној кој се труди да направи нешто.Живееме во време каде што е многу тешко да
издадеш песна,видеоспот,јас немам никаков проблем она кое е добро да го споделам на
социјалните мрежи, со мојата публика, што не
можам да кажам дека е така и кога моите колеги се во прашање. Фокусирана сум на
мојата кариера и на семејството, немам време за да бидам дел од нешто кое не
сакам, каде што не ми е местото.
Одлучивте кариерата да ја продолжите и во соседна Бугарија. Зошто се одлучивте на таков чекор?
Овде како да достигнав се,а пак го немаме оној гламур кој доликува за вистинска ѕвезда.Знам дека можам и заслужувам многу повеке.Последнава година имав се почесто настапи во Бугарија,на мое големо позитивно изненадување тамошната публика ме прифати одлично.Во моментов музичката сцена во Бугарија е на врвот кога е Балканот во прашање,квалитетни видеоспотови,изведувачи,и најбитното имаат голем медиумски простор каде да ги презентираат своите дела. За жал
во Македонија во моментов состојбата е таква како што е, и секое алтернативно
решение е добредојдено.
Песната „Погледни ме за
крај“, која треба наскоро да добие и видеоспот, кој ќе се врти по бугарската
Планета Тв, ја претставивте и на новогодишната забава за бугарската компанија
„Пајнер“ со која неодамна потпишавте и
договор. Таа е на македонски јазик, но
дали можеби планирате во иднина да пеете и на бугарски јазик
Во моментов се работи на видеоспотот за песната „Погледни ме за крај“ и можам да ви
откријам дека ова ќе биде најдобриот видеоспот кој мојата публика го видела од мене до сега. Спотот се снимаше два дена на локации во Охрид и Струга.Одлична екипа работи на истиот,на чело со Стојан Стојановски и неговиот тим од 2S,и мојот тим,одлична млада екипа,за кратко време ќе биде се стокмено и публиката ќе може да го погледне видео спотот и да го даде своето мислење.Премиерното изведување на песната беше на новогодишното шоу на телевизија Планета „Ноќ со ѕвездите“, каде што настапуваа најголемите ѕвезди на Пајнер,а реакциите на колегите бе одлични, ме прифатија без резервно. Да, потпишав договор со времетраење од пет години во кој покрај македонски, публиката ќе може и да слушне песни и на српски и бугарски јазик.
откријам дека ова ќе биде најдобриот видеоспот кој мојата публика го видела од мене до сега. Спотот се снимаше два дена на локации во Охрид и Струга.Одлична екипа работи на истиот,на чело со Стојан Стојановски и неговиот тим од 2S,и мојот тим,одлична млада екипа,за кратко време ќе биде се стокмено и публиката ќе може да го погледне видео спотот и да го даде своето мислење.Премиерното изведување на песната беше на новогодишното шоу на телевизија Планета „Ноќ со ѕвездите“, каде што настапуваа најголемите ѕвезди на Пајнер,а реакциите на колегите бе одлични, ме прифатија без резервно. Да, потпишав договор со времетраење од пет години во кој покрај македонски, публиката ќе може и да слушне песни и на српски и бугарски јазик.
Ќе ни откриете ли дел од рефренот на некоја ваша нова песна,
а која вас ви е посебно драга?
Изминатиов период покрај настапите го посветив и на бирање нови песни кои би се нашле на мојот десети албум.Погледни ме за крај е дело на Роберт Билбилов кој ги направи музиката и аранжманот,а текстот е на маестралниот Огнен Неделковски.Покрај „Погледни ме за крај“ готови се уште две песни, но треба да се сработат,во моментов се фокусиравме на „Погледни ме за крај“ и реакциите на оние кои ја слушнаа се повеќе од очекуваното.Не би можела да ви откријам ништо во моментов зошто се во работна фаза,но штом бидат готови вие ќе бидете први кои ќе ги слушнете и ќе го дадете вашето мислење.
- Досега
имате издадено девет албум, дали го подготвувате и десетиот албум? Со кои
композитори ќе соработувате, колку песни планирате да има во него?
Мојот авторски десети албум во моментов се подготвува,се собираат песни кои ќе се најдат на истиот.Овој албум ќе биде најдоброто нешто кое досега мојата публика го слушнала од мене.Една нова Велевска.Покрај Роберт Билбилов и Огнен Неделковски,ќе се најдат и други автори кои сега не би ги откривала,сакам да биде изненадување за мојата публика.
- Кога
станува збор за бугарската музичка сцена, каде што конкуренцијата е далеку
поголема од македонската естрада, имате ли планови со какви песни ќе се
претставивте за наредната 2017 година?
Мојата цел е преку песна да
се зближиме,музиката нема граници,да си помогнеме со што ќе се прошири
соработката на музичкиот пазар.Ние како Балканци можеме многу,а со песна е
многу полесно.Колку по пријателски однос со колегите толку успехот за сите е неминовен.
- Присуствувате
и на промоцијата на музичкиот албум на вашиот колега Фики Стораро, така да низ
интернет се појавија ваши многубројни слики со колегите и колешките од
Бугарија. Да очекуваме ли во иднина и некој дует со нив?
На мое големо позитивно изненадување добив покана да бидам дел од промоцијата на деби албумот на Фики и морам да признаам дека одлично си поминав. Во овој момент сум фокусирана на
видеоспотот и промоцијата на песната, би ми било задоволство доколку би снимила
дует со некоја од тамошните ѕвезди.
- Имате
одржано многу концерти во
Австралија, Канада, Сад, Швајцарија, Бугарија, Грција, Турција...и на сите нив
имавте одлична посетеност. Како ги коментирате тврдењата на вашите колеги кои
според нив имаат тотална посетеност на концертите, а бројката им се движи
максимум до десет луѓе?
Секој се бори на свој начин,јас изминативе 21 година
фокусирана сум на она кое јас го правам,а не на тоа што моите колеги прават и
колку имаат посетеност на настапите.За себе можам да кажам дека за моите
настапи се бара билет повеќе и она кое што ми е особено драго,публиката која
доаѓа на моите настапи бара мои авторски песни,речи си и да не поминува настап
без Бел лебед.Лоша копија,Господине анонимен,Висок притисок,Наркотику
мој,Невина,и во последно време се почесто ја бараат Воздух,песна која ја снимив
пред десетина година,а еве денес заживеа.За еден од моите најголеми успеси кога
се настапите во прашање го сметам настапот во дискотеката Селект каде за два
вечери имаше 5000 публика,што досега се нема случено кога е македонски поп фолк
пејач во прашање,и кога е во прашање Македонија,но кога се во прашање
настапите надвор од Македонија,никогаш не велам дека поминуваме најдобро.Мојата
последна турнеја во Канада беше далеку од очекуваното,периодот во кој се
одвиваше турнејата беше во лош временски период во октомври месец кога не е
време за концерти.Најдобро за успешна турнеа е за време на новогодишните
празници,Велигденските празници,а во другиот период не. Јас никогаш немам проблем со
зборувањето на вистината и не ме навредува реалноста. Се она кое што го
доживеав беше уште една животна лекција.
- Се
поприсутна тема на естрадата е дека се купуваат фанови низ социјалните мрежи,
гледаност на YouTube, што мислите за сето тоа?
Се она кое е присилено, напумпано се гледа. Џабе е доколку
една песна има 50.000, 1 милион прегледи на Youtube, а на терен пред публиката
не е прифатена и не ја пеат во еден глас. Јас секогаш работам темелно и посветено и секогаш до сега сум добивала позитивен фидбек од публиката,за што говорат и моите настапи,концерти,можеби немам милионски прегледи но имам настапи на кои се бара билет повеќе и тоа е повеќе од доволно.Ако мисли некој дека со лажни прегледи се стигнува до успех, нека го прави тоа.
Дали постои нешто во вашиот живот што би сакале да го направите, но досега сте немале можност да го направите тоа?
Се она кое што сум сакала да го направам, до сега сум го направила,но
секако имам многу планови за во иднина.
- На
сцената сте вистински професионалец, дали планирате наскоро да направите и
солистички концерт ?
Еден мој пријател веќе две години ми говори за тоа дека е време да се направи концерт во Скопје,но никако да ме убеди (се смее).Ангажманите кои ги имам во моменов не ми дозволуваа да размислувам на таа тема,сакам и јас да го направам и тоа да биде концерт кој ќе се памети,но никако да дојде на ред.Ветувам дека ќе се случи,но точно кога не знам,и знам дека покрај концертот во Скопје ќе има уште и мо мојот роден град Прилеп,па
и Струмица,град за кој се врзани моите почетоци и секој пат кога настапувам таму се сеќавам на почетоците,
убавите поминати моменти и љубовта која Струмичката публика ми ја дава до ден денес и сакам да им се одолжам со еден убав концерт и секако Охрид.
- Кој
би бил вашиот совет за сите млади луѓе кои сакаат да се пробијат во светот на
музиката, и да постигнат барем дел од вашиот успех? Дали би им подале рака на
некои од нив?
Да бидат свои, од самиот почеток да создадат свој печат по
кој ќе се препознатливи. Да го работат тоа со љубов, истрајност, посветеност и
да вложуваат во себе. Колку порано се навикнат на тоа дека секој – некој има
мислење за нив, најчесто негативно, толку подобро за нив. И покрај тоа што
многупати досега сум помогнала на многумина и ми вратиле на лош начин,
ќе помагам колку што можам и понатаму. Не за џабе рекле – раката што дава не се
суши.
Интервју - Наташа Секуловска
No comments