Емилија: „Се чувствувам како преродена“
Емилија избра да се врати на музичката сцена на 22
ноември, точно за концертот –спектакл "15 години телевизија Планета“, откако стана мајка за втор пат.
"Различно е, како за прв пат да сум на сцената.
Адреналинот ми се крена, многу убаво искуство беше, колку и нескромно да звучи,
California си е хит и луѓето едноставно избувнаа на тоа парче.. .За момент
почнав да треперам од среќа. Не знам, ми беше многу убаво ... " – сподели таа
неколку минути после слегување од сцената.
Во таков дух преминуваат и сите настапи на Емилија низ
бугарските клубови до овој момент.
"Како со јаже да бев држана дома. Многу се шест месеци ... Требаше
да се повлечам за малку, бидејќи настапите почнаа да стануваат малку навика и
навистина беше корисно за мене да се повлечам од тоа секојдневие. Оваа пауза ми влијаеше доста
добро и сега имам нови идеи“.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв
No comments