Header Ads

(видео) „На тебе не отказвам“ е новиот хит на Преслава за оваа есен

"На тебе не отказвам" – е новата песна на Преслава,која само за еден ден забележа исклучително висока гледаност. 

Песната и видеото собраа 200 илјади прегледи за помалку од едно деноноќие, што е сигурен знак дека ова е новиот хит на ѕвездата. За новиот сингл Преслава се довери на композиторот Велислав Драганински, кои ги создал едни од најголемите хитови во репертоарот на ѕвездата. Текстот е исто така дело на еден од докажаните имиња - Росен Димитров, а режисер на видеото е Николај Скерлев.
Специјално учество во лентата зема и моделот Виктор Самсонов, кој е познат како финалист во еден од најпопуларните бугарски музички формати. Стотици позитивни мислења доби пејачката за новото  видео. Преслава, која во моментов е затворена во Куќата на VIP Brother  секоја вечер гледачите имаат можност да ја гледаат во реалното шоу за кое таа сподели во нејзината визит-карта, дека ова за неа  е уште еден предизвик со кој се соочува.
Автор: Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.