(Видео) Татјана секси и провокативна во видеото за песната „До три“
„До три“ е најновото парче на Татјана, кое ја доби
својата премиера пред неколку дена. Како и секогаш пејачката на фановите им
подари доста смела песна, исполнета со огромна доза на сексапил и провокација.
"Провокацијата во спотовите ми е задолжителна –
сакам секој пат да влегувам во различни улоги, а не само да покажувам еден убав
изглед. Немам видео снименопод 20 часа. Подготовките секогаш се
многу големи, а и напорот е премногу. Работам со доста луѓе и сите заедно сме
зависни еден од друг, но најлесните работи не се мој вкус. Секогаш ги
избирам потешките за реализација на нештата, како во музиката, така
и во спотовите, исклучиво и само поради моите обожаватели. Бескрајни
благодарности повторно на целиот тим и сите кои вложиха дел од себе во него ",
сподели Татјана.
Песната е дело на композиторот Оцко, додека пак за
текстот се погрижи самата пејачка. Провокативниот спот е на режисерот
Јордан Петков, а дали ви се допаѓа ќе научиме од вас.
Автор: Наташа Секуловска
No comments