Header Ads

Роксана со три меѓународни концерти оваа есен

Оваа есен Белгија и Велика Британија повторно ќе станаат домаќини на многу бугарски концерти. Овој пат за доброто расположение и забава ќе се погрижи Роксана која што покрај многубројните настапи низ Бугарија, често пати е гостинка низ европските земји.

Имено, таа пред неколку дена одржа феноменален концерт во Брисел, каде што беше прогласена и за Кралица на музиката, додека пак другиот концерт е закажан за на 19 септември во Гент. Неколку дена подоцна таа ќе отпатува до Велика Британија каде што со своите песни ќе ги забавува нејзините фанови во Лондон.

Автор: Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.