(Интервју) Глорија: Сакам да им помагам на другите, тоа го носам во срцето!
По повод првиот
роденден на Estrada World, големата бугарска пејачка Глорија или како што
многумина ја нарекуваат Дивата на попфолкот, ексклузивно ни даде искрено
интервју од кое ќе дознаете многу интересни факти од нејзиниот личен и
професионален живот.
Глорија, чест и задоволство е за мене да бидете гостинка
во мојот сајт. Всушност, нема потреба од многу претставување, вашето име
зборува многу за Вас. И мали и големи ги слушале и продолжуваат да ги слушаат
вашите песни, бидејќи сте од оние пејачки коишто оставиле длабока трага во
времето.Вашата кариера започна во далечната 1994 г., кој тогаш Ви подаде рака
за да започнете?
Здраво и од мене. Благодарам многу за милите зборови и за
сето тоа што го слушнав за себе си. Навистина сум почестена и човек навистина
се чувствува много добро кога ќе добие такво признание од нашата соседна земја
Македонија. Да, во 1994 година започна мојата кариера. Многу луѓе ми помогнаа.
Прво, плевенскиот композитор и неверојатниот музичар на нашата легендарна
бугарска поп група Дијана Експрес, која за жал повеќе не постои. Но, човекот
кој прв ми подаде рака е Максим Горанов. За прв пат отидов во неговото студио,
тогаш вечерно време работев и во ноќниот клуб на Интер Хотел Плевен, а пак денски
со парите коишто ги заработував започнав да продуцирам и да работам на првиот
албум. Имав огромна желба да направам свој албум и така постепено, но нештата
започнаа да одат напред кај Максим Горанов. Со него создадовме шест албуми, а
инаку уште од 1994 година првиот мој албум е издаден со „Пајнер“ со г-н Митко и
Марија Димитрови.
Денес се појавуваат многу млади пејачи , дали би му
помогнале на некого за да се пробие во светот на музиката?
Ха-ха, само некој да ја посака мојата помош, да побара
мој совет, зошто да не?! На многу луѓе сум му помогнала, на многу луѓе сум им дала благослов. На никој не сум му откажала да
го посоветувам или да откажам, затоа што самата јас сум таков човек. Се надевам
тоа да го правам. Тоа или го носиш во себе си, го правиш, или не. Самата јас
сум таква, имам многу енергија, издржливост во себе и кој можам ќе го пофалам,а
кој можам ќе го прекорам. Тоа е најважно за секој еден млад исполнител кој за
прв пат започнува да чекори по тој трнлив пат. Бидејќи, луѓето го гледаат само
убавото, луксузното, а тој е еден многу сериозен бизнис, многу напорен, со
многу препреки, сплетки, и.т.н. Навистина треба да си многу борбен, силен
психички за да можеш да издржиш, да не обрнуваш внимание на глупостите коишто
ги слушаш за себе си и да си кажуваш одвреме – навреме : Секое чудо за три дена!
Продложувам напред и тоа е...Јас дејствував по таа формула и не ме интересира
кој што зборува лошо. Знам само едно – Кој што прави, го прави единствено и
само за себе си.
На 30-ти септември ќе направите јубилеен концерт. Како
тече организацијата? Дали е тешко да организирате свој 4-ти самостоен концерт?
Мислам дека огранизацијата е под контрола. Екипата си ја
знае својата работа, задачите. Режисерот ми е доста добар, дури можам да кажам
дека работам со два режисери во моментов. Едниот е Љуси, а другиот Ивајло
Спасов. И самиот факт што успеав да ги сврзам и двајцата во еден општ проект,
за мене тоа е прекрасно. Имам и бенд, ги учат песните, вежбаме и се надевам со
Божја помош се да е во ред. Не сакам да зборувам предвреме, но јас ќе сум таму
за да го дадам максимумот од себе си и да покажам на што сум способна. Само живот
и здравје да има и да сме сите во добра кондиција. Кога и салата е полна, ќе се
добие добра енергија од моите обожователи, затоа што тој концерт го правам само
за нив.
Го знаете ли точниот број на песни коишто ќе ги испеете
на концертот? И многу е убаво од ваша страна што за тоа ги прашавте вашите
обожователи, да ви дадат предложенија кои песни сакаат да ги слушнат.
Ха- ха. Песните коишто ќе ги испеам на концертот, мислам
се над педесет, затоа што ќе има и мискови, за да можам максимален број на
омилени песни да вклучам. Јас имам многу,многу омилена српска исполнителка и
таа е Драгана Мирковиќ. Гледав нејзин концерт, видов дека таа имаше направено
многу добри миксови и тоа страшно многу ми се допадна и кога го гледав
концертот во Белградската Арена, на кој за
жал не успеав да отидам на живо, да ја гледам, но после го гледав записот и
видов дека е многу добро со мисковите и луѓето се задоволни, кога некои нешта
ќе прозвучат во микс. Бидејќи јас имам огормен репертоар со многу песни, имам
издадено 15 албуми. Луѓето сакаат да слушнат максимално поголем дел од
омилените песни, а јас се надевам сите да се задоволни, да нема никој оштетен.
А, дали на сцената ќе излезат сите колеги со кои имате
запишано дуети?
Поголемиот дел од моите колеги ќе излезат, ќе биде и Тони
Дачева, Николај Славеев, Азис, ќерка ми Симона. Можеби имам уште неколку дуети
запишани, но нема да се успее да се испејат на сцената, на пр. со Маја од Група
Луна, или пак Илија Тодоров.
Оваа година издадовте и нов албум „Пясъчни кули“. Во него вклучивте и три нови песни – „Като
буря”, „Изсвирете нещо ударно” и „Прегърни ме” кои со сигурност ќе се претворат во омилени на
фановите. На една од овие песни вие и вашата ќерка Симона се потпишувате како
композитори. Како се роди идејата за тоа?
Да, со мојата ќерка Симона ја измисливме мелодијата на
песната “Като буря”, меѓудругото имаше и доста композиции заедно. Инаку како се
роди идејата? Па, работите кај нас музичарите се раѓаат спонтано. Почнуваш да
пееш нешто, подаваш понатаму, па другиот продложува и се развива една одлична
мелодија и кога ќе ја слушнеш целата си велиш зошто пак да не излези од тоа
една добра песна. И така кога една мелодија нон стоп ќе ти се врти во главата,
утрото кога ќе се разбудиш таа мелодија треба да се претвори од една проста
мелодија, да и се направи аранжман, односно професионалци да ја направат. И
така беше и случајот со “Като буря”, доста одамна ја имавме измислено јас и
Симона, но сепак стиховите се мои, додека пак рефенот го измисли Симона. И така
песната си стана едно многу добро парче, кое лично јас многу го сакам и ми се
допаѓа. Но, фановите мои многу повеќе ја сакаат „Прегърни ме” и за моја голема радост во летото низ
клубовите неколку пати на вечер се вртеше „Изсвирете нещо ударно”. Инаку многу
се радувам што на фановите им се допаѓаат трите мои нови песни, и решив песната
„Прегърни ме” да остани со таа прекрасна Тв верзија која за ништо на светот не
сакам да ја расипам, но пак пред неколку дена снимав видео на песната „Изсвирете
нещо ударно”. Тоа е едно прекрасно, балканско парче со типичен балкански вкус и
направивме многу стилен спот кој го снимавме на едно многу убаво место во Бугарија,
инаку со специјалното учество на Г’мзата, сега ќе видиме му претстои монатажа
на спотот и јас имав огромна желба да
снимам спот на таа песна и го направив тоа.
Минатата година бевте на турнеја во Америка, какви
спомени имате од таму?
Секогаш кога ќе имам турнеја во САД, кадешто сум била
досега седум пати, впечатоците ми се прекрасни, луѓето се прекрасни, се
забавуваат многу, им недостига Бугарија, бидејќи се далеку од нивната родна
земја, што е сосема нормално и логично. Нашите средби секогаш поминуваат доста
емоционално, бидејќи имам песни како „ Носталгия “, „ Българка съм аз “,
народните песни и навистина носталгијата таму се чувствува најмногу. И кога сум
покрај нив, разбирам како му е. Затоа што кога си далеку од родната земја,
тогаш гледаш и отценуваш како се чувствуваат луѓето. Се радувам што за малку
барем му носам радост, забава. Тие покрај мене со песните барем на кратко се
враќаат во татковината.
Прекрасно пеете народни песни, така да вашиот албум „ Пътеки
“ заслужено стана и Албум на годината. Планирате ли во иднина да издадете
повторно таков албум, бидејќи само позитивни коментари имаше за него?
Благодарам многу! Јас им благодарам на публиката што го
отцени народниот албум за Народен албум на 2013 година. Имајќи предвид дека јас
не сум народна пејачка, а има доста народни исполнители во тој жанр. Но, ми се
чини дека самата селекција, самиот избор на песните во албумот, бидејќи не се
вклучени само нови песни во него, но на луѓето јавно им се допадна. Тие бараа
од мене да ги вклучам сите народни песни коишто сум ги испеала низ годините. И
мислам дека заслужено ја доби наградата. Ќе продолжам да работам по нови
народни проекти во иднина.
Славата не е за секого, како што велат луѓето. Вие како
ја доживувате?
Славата веќе е дел од мене, сето тоа што ми се случува.
Навикната сум на овој ритам, на овој начин на живот, ја обожавам сцената,
обожавам да пеам, а тоа мислам е најважно кога чувствуваш задоволство од
работата. Кога ќе се качам на сцената, кога ќе ги видам погледите на публиката,
кога салата е полна или плоштадот, нема посреќна од мене. Тоа ме прави да се
чувствувам жива и да продолжувам напред. Се радувам што по некаков начин,
животот ми е полн. Знам, дека тоа е мојата мисија, да пеам и да ги правам
луѓето среќни. Не го чувствувам како нешто тешко или како некој товар, дури
воопшто не се замислувам што е славата. Славата мене ми дава повеќе, отколку
што ми зема. Се разбира, дека таа не е за секој, но на кој му е тешко, подобро
воопшто да не се занимава со тоа. Бидејќи е доста одговорно тоа да си славен,
да имаш свои песни и да се трудиш да преносиш порака низ текстовите, низ
песните.
Како сакате да го поминувате слободното време кога немате
многу обврски?
Слободното време го поминувам така што возам велосипед
низ квартот. Исто така, често патувам до Холандија, таму живее брат ми, имам
роднини. Холандија е една од земјите во која масовно се вози велосипед, имаат
патеки и секакви услови за тоа. Но, дури и да немам можност често да отпатувам
до таму кога е убаво времето, си возам велосипед низ Бугарија, спортувам, ги
сакам многу масажите, ја сакам музиката која смирува и се трудам секогаш кога
имам слободно време да правам нешто различно од музика, од песни, за да можам
да продолжувам напред.
Каква личност е всушност Глорија, кога не е под светлината
на рефлекторите?
Не знам. Јас сум си јас. Една нормална жена која го сака
домашниот спокој, ја сака ќерка си и бескрајно многу пријателите. Никогаш не
сум сама дома, сакам кога има луѓе околку мене, да се забавуваме и да ни е
убаво. Се трудам да ги одбегнам луѓето кои се со негативна енергија, тоа само
ме оптеретува и за моја многу голема радост сум опкружена само со позитивни
луѓе.
Неодамна заедно со Иштар во дует испеавте бугарска
народна песна на свадбена церемонија во Монако. Какви спомени имате од тоа?
Да. Таа средба со Иштар засекогаш ќе остане во моето
сеќавање. Дури во моите најголеми желби, не замислував дека ќе пеам со една
светска ѕвезда, како Иштар. Но, самото дуетно исполнување на „ Кажи ми, облаче
ле бяло “ стана доста убаво и се разбира тоа беше желбата на невестата. Не
знаев точно како ќе испадни. Одејќи на пробата попладне, тие ми ја претставија
нејзината верзија на песната со доста арапски стил, ориентален за еден тон
повисок. Но, на крајот мислам дека се справив, таа е брилијантна пејачка, еден
од најубавите гласови во целиот свет и мислам дека се случи едно убаво
спојување. Јас сум задоволна од тоа што се случи на сцената, а и гостите беа
исто така.
Вашата керќа Симона беше матурантка оваа година. И таа
како вас пее прекрасно, дали ќе ги следи вашите чекори?
Симона сега ќе почни да оди на Нов Бугарски Универзитет и
продолжува во насока за поп и џаз. Се
надевам да е упорна, да наследила дел од мојот карактер. Се разбира, да е
борбена, да е редовна како што сум јас и да ја сака толку силно музиката,
сцената, да не се предава и мислам дека навистина ќе успее. Досега ме нема разочарано. Ете, полека
почнавме да правиме репертоари за неа, таа измислува многу убави нешта кои се
нејзини авторски, така да секое нешто ќе дојде на своето место. И го посакувам
од срце, само да е жива и здрава.
Ви благодарам што бевте моја гостинка. Ви посакувам многу
здравје, љубов, среќа и се разбира успех во професионален и личен план.
Ви благодарам многу! И јас Ви посакувам се најубаво,
голем поздрав до Македонија!
Интервју: Наташа Секуловска
This comment has been removed by a blog administrator.
ReplyDeleteФинансиско обновување со помош на Педро Џером. Е-пошта: pedroloanss@gmail.com тоа е неговата е-пошта и ова е неговиот број на whatsapp +18632310632. Јас сум Леонардо Хуго, агроном кој можеше да го оживее своето Производство на добиточна храна што умира преку помош на заемодавачот од GodSent познат како Педро Џером, службеникот за заем. Сакам да знаете дека неговата Служба е вистинското место каде што можете да ги решите сите ваши финансиски проблеми, бидејќи јас сум живо сведоштво и не можам само да го задржам ова за себе кога другите бараат начин да бидам финансиски подигнат. Сакам сите да го контактирате овој заемодавач што го испрати Бог користејќи ги деталите како што е наведено со цел да бидете учесник во оваа одлична можност, а исто така тие работат со добра/реномирана банка која без одлагање префрла пари на мојата сметка.
ReplyDelete