Header Ads

(Видео) Џесика Палашоска со летен хит. Слушнете ја „Паника“!

Џесика Палашоска предлага сексапил и  летно расположение во новиот спот „Паника“. Песната веќе ја имаше својата премиера во Интернет на официалниот канал на пејачката во Youtube – Jessica OnAir,  и брзо успеа да ја освои публиката  и стана и летен хит на изборот организиран од страна на INTV пред неколку дена.

Песента е по музика на Дејан Момировски, а текстот е дело на Борче Нечовски. Влијанието на парчето го дополнува и прекрасниот видеоспот  снимен на многу места низ Охрид, со кој пејачката ги разгори летните страсти, а во него учествува и црногорскиот модел Василије Марковиќ, познат по учеството во спотовите на Цеца Ражантовиќ и Тина Ивановиќ.

Џесика заминува за Барселона во Шпанија, каде што ќе работи на нов проект, за кој се подготвува подолго време, но засега не открива многу детали околу тоа. Ексклузивно ви го претставуваме најновиот проект на младата македонска пејачка Џесика, а дали ви се допаѓа ќе научиме од вас.


Автор: Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.