Header Ads

Роксана со силна порака кон неправдите во светот

Бугарската пејачка Роксана се вклучи во мнозинството така што го изрази своето незадоволство од војната во Сирија.

Таа својата песна „Самотни хора“  им ја посветува на сите кои страдаат и да го даваат својот живот за својата земја и сака да го насочи општеството кон тоа да размислат за страдањето на луѓето кои на еден или друг начин се наоѓаат во тешка состојба. По тој повод таа излезе со соопштение кон нејзините фанови во официјалната и страница во Facebook:


„Ja посветувам оваа моја балада "Самотни хора" во спомен на три годишниот Ајлан Курди и неговото семејство. На сите оние дечиња, мајки и татковци кои ги изгубиле своите животи во името на слободата. Почивајте во мир! На сите луѓе кои се борат за својот живот и животот на  децата во оваа смешна и страшна војна во Сирија. Размислував многу пред да го напишам ова и да им ја посветам оваа песна, бидејќи повторно ќе се најде некој кој ќе ми каже дека си правам реклама на грбот на туѓата несреќа. Затоа сакам цврсто да изјавам дека ова го објавувам како човек, како жена и мајка, а не како пејачката Роксана. Од друга страна не ми е гајле кој што ќе каже бидејќи знам каква болка истрпев и трпам во душата.  Не знам дали има мајчино срце и нормален човек кој гледајќи го и слушајќи го  овој ужас би останал ладнокрвен во овој момент, ама јас не можев. Ајде сите заедно, јас, ти, тој, тие, целиот свет да подадеме рака. "Светот е полн со многу луѓе оставени на судбината кои стојат сами и тивко чекаат една насмевка да ги стопли" ... Нека има мир, љубов и почит насекаде во светот!“
Автор: Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.