(Видео) Анелија и Илијан со нов дует "Сърцето ще плати"
Со самата премиера на "Сърцето ще плати" Анелија и Илијан
предизвикаа вистинска еуфорија помеѓу фановите, кои се категорични дека тоа е
нивниот нов хит со кој ќе ги покоруваат есенските музички топ листи.
За нивниот трет дует исполнителите
се доверија на композиторот Цветан Спасов, додека пак за текстот се погрижи
Росен Димитров. Што се однесува до видеоспотот тој е дело на познатиот бугарски
режисер Људмил Иларионов-Љуси.
„Се надеваме дека "Сърцето
ще плати" ќе стани омилена песна на публиката, бидејќи за нас тоа
ќе биде големо признание“ – споделија двата, а дали на вас ви се допаѓа песната ќе научиме од вашите коментари.
Автор: Наташа Секуловска
No comments