Галена блеска на насловната на Harper's Bazaar, пушта и нова песна
Галена ја украси насловната страница на новиот број на
магазинот "Harper's Bazaar" во Бугарија. Пејачката сними фотосесија дело на Костадин
Крстев-Коко. Како и секогаш таа успеа
да ги изненади нејзините фанови со прекрасен стајлинг.
Пејачката ќе ги израдува
наскоро своите фанови со нова песна која се вика “Криво ще ми е”, која ќе биде дел од празничната програма на
Планета ТВ. Како и секоја година Галена Божиќните празници ќе ги пречека со своето семејство, додека пак за Новата 2015
година таа ќе ужива со публиката во Арбанаси, атракцион "Калоянова
тврдина" во Велико Трново.
Автор: Наташа Секуловска
No comments