Славена воодушевена од Македонија
Славенa беше единствената бугарска учесничка во 15-тото
јубилејно издание на фестивалот "Фолк фест Роса", што се одржа во
Скопје. Пејачката на Diapason Records ја претстави песната "Душо
моја", напишана специјално за неа од македонскиот композиторот Бобан
Мојсовски и текстописецот Сашо Нојкиќ.
- "Чувството да се качам на големата сцена беше
одлично. Добив многу аплаузи и честитки од сите учесници на фестивалот, што ме
прави многу среќна. Тоа е неверојатно признание не само поради квалитетите на
песната и мојот настап, а исто така и поради фактот дека јас бев единствената
претставничка од друга земја."-изјави Славена за Diapason Records.
Пејачката на "Опасни играчки" призна малку по
враќањето во Бугарија, дека е воодушевена од македонската престолнина и сигурно
ќе ја посети повторно.
Автор:Наташа Секуловска
No comments