Header Ads

Телевизија „Планета“ прослави со голем концерт 13 години од нејзиното формирање

Со преполнета сала телевизија "Планета", ја прослави својата  13-годишнината. Како и секогаш концертот се одржа во НДК 1 во Софија. Стилски декор, добра кореографија, избран микс на песни беше она што не го оставија рамнодушен секој кој присуствуваше на концертот, како и гледачите покрај малите екрани.

Концертот го отвори Глорија со нејзината ќерка Симона , кои со својата класа и стил го поставија блескав почеток. Се редеја едни од најголмите имиња на поп фолкот во Бугарија како Фики, Крум, Галена, Емилија, Цветелина Јанева, Марија, Азис, Јаница, Ивана, Джена, Преслава, Анелија...


После 11 години Десислава се врати во музичката компанија „Пајнер“ и предизвика голем интерес на концертот со својата појава. 
Исто така беа претставени и неколку нови песни меѓу кои на Преслава и на Емилија, кои ексклузивно ви ги претставуваме.
Автор: Наташа Секуловска
Фото: Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.