Джена: Јас сум човек кој не престанува да сонува
Джена даде специјално
интервју за емисијата „Автограф“ по Планета ТВ. Пејачката сподели дека се
чуствува полна со енергија за работа, откако се одмори три седмици и успеа со
нејзината сестра да го посетат и Дубаи -градот кои ги оставил без зборови.
Среќна е што животот и е
исполнет со музика, почнувајќи уште од мала да пее, а потоа и завршила и
музичко училиште за кое споделува:
- „Во моето срце секогаш ќе
остане народната музика и годините во Котел. Многу често си спомнувам за музичкото училиште,
за моите професори и за она што ми дадоа сите тие.“
Джена вели дека е човек
кој не престанува да сонува, а во музичкиот план има две многу големи соништа. За
две години таа ќе одбележи десет години на музичката сцена, затоа едната нејзина
желба е поврзана со тоа да направи еден
голем концерт со кој ќе се гордеат нејзините фанови, а другата желба е кончено
да стани Пејачка на годината, бидејќи и навистина го заслужува тоа.
Автор: Наташа Секуловска
No comments