Header Ads

Преслава ги воодушеви фановите со „Ако утре ме губиш“

Преслава, пред неколку дена откако премиерно ја претстави баладата "Ако утре ме губиш" на концертот "XIII години телевизија" Планета“, реши да ја претстави и со слајдшоу во официалниот канал на телевизијата во  Youtube Planeta Official.

Песната предизвика бурни позитивни реакции кај фановите на пејачката,особено текстот кој е дело на Анастасија Мавродиева, но дали ќе се смести и во музичките листи оваа зима останува да видиме, а наскоро Преслава ќе ги изненади и со нов видеоспот. Но, дали видеото ќе биде кон оваа песна или кон некоја друга, пејачката засега задржува во тајност до премиерата на својот нов проект.

Автор: Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.