Header Ads

Премиера: Джена им подари песна на нејзините фанови

Во пресрет на Божиќните празници, Джена реши да ја изрази својата љубов и благодарност кон многубројните обожаватели, со тоа што им подари нова песна и видеоспот.

Песната се вика “Моята награда” и е напишана специјално за фановите на пејачката, за нивната подршката во текот на сите овие години како и за тешкотиите кон успехот и кариерата. Таа е по музика на Светослав Лобошки, додека пак Мариета Ангелова го напиша текстот, а аранжманот е дело на Ленко Драганов. Специјалното видео и фотосесија се на Јордан Петков.
Дали ви се допаѓа новиот проект на Джена, вклучен во нејзиниот најнов музички албум „Моли се да не почна“ ќе дознаеме од вас.
Автор: Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.