Преслава: „Испраќам една од најсилните мои години“
Преслава ја испраќа 2014-та година со две нови песни- "Ако ме губиш" и "Нашето любов
е“. Фолк ѕвездата на "Пайнер" успеа вистински да ги израдува своите
многубројни обожаватели кога ја претстави во почетокот на декември новата
балада, а само пред неколку дена ја пушти брзата песна со видеоспот.
-
„Страшно,
ми е убаво! Јас сакам да има динамика во сето она што се случува и речиси
секогаш, кога се стремам да имам нова песна, ми се случува да издадам две песни наеднаш. Не
би сакала да ги оставам во времето и да ги разделям - сега ќе излезе оваа,
после оваа. Во повеќето случаи, кога песните се убави, секогаш ми доаѓаат по
две "- изјави Преслава за БТВ.
Таа сподели дека оваа
година успеала да си реализира една од нејзините големи желби, а тоа е дуетот
со познатиот пејач Тони Сторароа, а исто така ќе учествува во Новогодишната програма на Планета Тв со новата
балада.
Автор:Наташа Секуловска
No comments