Header Ads

Ексклузивно: Преслава ексклузивно проговори за односите со Галена

Преслава


Од пред неколку дена жолтите медиуми низ соседна Бугарија, се обидуваат по секоја цена да направат скандал помеѓу Преслава и Галена, кои се колешки во музичката компанија „Пајнер“, искористувајќи ја ситуацијата дека Галена е позитивна на Ковид 19.

По тој повод, Преслава јасно им стави до знаење на сите дека и покрај тоа што не се дружи приватно со својата колешка, не е „монструм“ како што ја нарекоја некои сајтови и дека сепак ја побарала на телефон Галена за да и посака побрзо да оздрави таа и нејзиниот син Алекс.

„Јас ја побарав Галена уште пред неколку дена. Сакав лично да ја слушнам и да знам како е, наместо да напишам едно „Побрзо оздравувај“ во Инстаграм“ – категорична е таа.

Потсетуваме дека, години наназад Преслава и Галена се мета на жолтите медиуми во Бугарија,  а тоа е повод луѓето веруваат во такви измислени приказни кои не се потврдени официјално од нивна страна, ниту пак од музичката компанија „Пајнер“ и телевизија Планета.


Автор - адв.м-р Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.