Header Ads

(Видео) Татјана ги освои срцата на публиката со песната „Добре дошла, Любов“

Татјана


Бугарската попфолк пејачка Татјана, после хитот „Кой си(Кој си) кој излезе во месец март оваа година, одлучи за летната сезона да претстави балада која го носи насловот „Добре дошла, Любов“ (Добре дојде љубов).

Текстот кој е лично напишан од страна на изведувачката предизвика лавина од позитивни коментари низ социјалните мрежи, пленувајќи со својата силна порака во кој се пронајдоа многу вљубени девојки, а уште посилен го прави музиката која е пак дело на композиторот Дејан Асенов. Видеото е режисирано од страна на Николај Скерлев и за изгледот на Татјана  овој пат се погрижија Jazzy Lemon ( стајлинг), Викторија Радославова (шминка), Вилијана Иванова (коса).
Татјана

„Благодарам на себе си и на Бог за тоа што се чуствувам исполнета и жива, за да можам да го испеам и да напишам ваков текст и најмногу благодарам на мојата посилна половинка, која го провоцира само доброто во мене. Љубов, за која се бориме постојано двата повеќе од една година“ – искрена е Татјана.
Во прилог погледнете ја песната и ги очекуваме вашите коментари.

Автор - адв.м-р Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.