(Видео) Глорија го прослави својот 47-ми роденден со два музички проекти
На 28-ми јуни својот 47-ми роденден Дивата на попфолкот - Глорија
го прослави со два музички проекти.
„Кога една жена не ја крие својата возраст, таа е
задоволна со себе си и својот живот. Годината беше тешка за сите нас и се
надевам нема да се повтори и отсега ќе ни се случуваат само убави работи.
Верувам и знам дека подобро постои, затоа што животот е таков, каков што самиот
си го правиш! А, за мене нема невозможни работи, кога сум здрава и ја имам
љубовта на моите омилени луѓе, пријателите и мојата публика!“ – изјави Глорија
во својот профил на Instagram,
по повод својот роденден.
Глорија во видеоспотот кон песната „Очите не лъжат“ |
Имено, својата премиера ја направи најновата и песна која
го носи насловот „Ало, как си“ и е по музика на композиторот Калин Димитров, со
текст по идеја на самата изведувачка и Мариета Ангелова. Песната може да ја
слушните во каналот на Глорија во YouTube. Исто така, беше претставен и видеоспотот кон песната „Очите не лъжат“, која е вклучена во
нејзиниот последен музички албум „Любовта настоява“ кој излезе во декември
минатата година и со тоа е добро позната на публиката, а тимот кој е заслужен за
нејзиниот успех повторно се Калин Димитров, самата Глорија и Мариета Ангелова.
Видеото кое е снимено во ноќниот клуб Eleven во главниот град на соседна
Бугарија – Софија, е дело на режисерот
Људмил Иларионов – Љуси и може да го гледате и по програмата на телевизија
Планета.
Глорија |
Во моментов Глорија се наоѓа во соседна Грција,
поминувајќи го летото на убавите плажи во Неа Перамос - Кавала и за радост на
љубителите на женската убавина, на повеќето фотографии кои ги сподели таа на
социјалните мрежи, позира во костим за капење демонстрирајќи совршено
тело, како и секогаш.
Глорија |
Во прилог погледнете за што станува збор:
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Костадин Крстев- Коко/Планета ТВ
No comments