Галена и ДесиСлава позитивни на Ковид 19
Во соседна Бугарија, како и кај нас состојбата со
пандемијата наречена Коронавирус се повеќе се влошува. Покрај новите заболени
се и пејачките Галена и ДесиСлава.
По тој повод прва јавно соопшти Галена кога во свој
статус на социјалните мрежи, откри дека таа и нејзиниот помал син Алекс се
позитивни на коронавирусот и се изолирани во нивниот стан во Софија:
„Здраво мили мои. Мислам дека е редно да ви објаснам за моето отсуство и да ви раскажам што точно се случува. Знаете
дека од пред неколку седмици беше повторно обновена работата на ноќните
клубови, а со тоа и нашите настапи во нив. Нема да скријам дека почуствував
одреден степен на страв повторно да се сретнувам со луѓе, но си давав сметка
дека животот треба да продолжи под некоја форма и дека не можеме да живееме во
страв. Во стремежот да ги задоволам
желбите на луѓето кои се забавуваат, особено на еден таков специјален повод,
каков што беше прослава на матура, решив да се вратам на работа и покрај
големиот степен на ризик, за мене и за моите блиски. За жал, тоа се претвори во
уште едно искушение пред кое сум предизвикана во овој момент. Алекс и јас се чуствуваме
многу добро, за среќа вирусот поминува во блага форма кај нас, се лекуваме дома
и се надеваме за брзо време сетоа ова ќе биди зад нас. Сакам да ги повикам сите
луѓе да ги почитуваат пропишаните законски мерки, да бидат разумни и да се
пазат себе си и своите најблиски, затоа што како што гледате ништо сврзано со
овој вирус не е дефинирано и никој не е поштеден. Благодарна сум на моите
обожователи за загриженоста и на нивните желби побрзо да оздравиме. Ви
посакувам здравје. Ваша Галена“.
Додека пак нејзината колешка ДесиСлава неколку дена подоцна сподели дека
заразувањето на Галена и влијело најмногу за да направи тест.
„Откако прочитав што напиша таа, се замислив дека и јас
можам да имам коронавирус. Дотогаш не знаев дека дел од симптомите се главоболка,
загуба на мирис и вкус“ – откри таа во програмата на Нова ТВ.
Во овој момента ДесиСлава се чуствува добро и е самоизолирана, а
ние од целиот тим на #EstradaWorld им посакуваме неа и на Галена и Алекс што
побрзо да оздрават и да се вратат кон
нормалниот начин на живот.
Автор - адв.м-р Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ
No comments