Header Ads

(Фото) Погледнете каде уживаат дел од бугарската естрaда!




После олабавувањето на мерките, поради состојбата со пандемијата со коронавирусот, дел од бугарските музички ѕвезди го избраа Црното Море за релаксација во слободното време, затоа што повеќе од нив се и гости по ноќните клубови и ресторани во тој дел од Бугарија во летната сезона.

Имено, Преслава после својот роденден  на 26-ти јуни се упати кон морето каде што престојува со својот сопруг и ќерката Паола, радувајќи се на убавото време и слободата, а под една од сликите демонстрира фигура повеќе од одлична, а компанија и направи и нејзината сестра Ивелина Колева.
Ивелина и Преслава


Додека пак Џулија, која потсетуваме дека е од морскиот град Варна, исто така ужива таму заедно со својот сопруг Кристијан, а Галена пак одлучи во заливот Св. Константин и Елена да ја сними и својата најнова фотосесија, за својата модна куќа. 
Галена

Јунона честопати е гостин по плажите, заедно со својата ќерка, а Емрах и Ариа исто така не пропуштија да се прошетаат и да споделат свои слики запечатувајќи ги убавите спомени од летото, а вооедно поткрепувајќи  го бугарскиот туризам кој исто така беше најпогоден со коронавирусот.

Автор: м-р Наташа Секуловска
Фото: Лична архива/ Планета Тв



No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.