(Видео) Дупли празник за пејачката Джена
Джена |
Джена вчера го прослави својот роденден, но и годишнина
од свадбата со нејзиниот сопруг Атанас Стоев во елитен клуб во градот
Пазарджик, каде што имаше свој настап. По тој повод по програмата на телевизија
Планета Фолк Тв точно во 19 и 30 часот по бугарско време, беше претставена
празничната програма – Джена и „Канарите“ 2020 година .
Во неа се вклучени познати песни на оркестарот, исполнети
од страна на Джена на кои им даде нов дух, а ќе имате можност да ги слушните и
во нејзиниот најнов музички народен албум кој на пазарот ќе излези за броени
денови.
Джена и Орк.Канарите |
Исто така, таа
како што најави на почетокот на оваа година, подготува и попфолк албум, а
покрај народните епесни, таа ја претстави и својата најнова попфолк песна „Шот
за болката“, која за кратко време успеа да остави позитивен впечаток кај
публиката, затоа што носи многу летно расположение. Таа е дело на комозиторот
Даниел Ганев, со текст на Анастасија Мавродиева и Сиана, додека пак за видеото беше задолжен Виктор
Антонов.
Джена |
Во прилог, погледнете за што станува збор, а во делот Галерија ќе ја откриете и новатa фотосесија на Джена дело на Викторија Сиракова:
Автор: м-р Наташа Секуловска
Фото: Викторија Сиракова/ Планета Тв
No comments