Header Ads

(Видео) Пред настапот во Македонија, Саша Ковачевиќ ја воодушеви публиката со "Prevarena"! Над 700.000 прегледи за еден ден!



Еден од најомилените пејачи во Србија Саша Ковачевиќ, за втор пат во својата солистичка кариера ќе одржи концерт во Скопје. Местото на настанот е закажан во Арена „Борис Трајковски“ за 6-ти април со почеток од 21 часот.

Спектакуларната бина и продукција ќе бидат само дел од многубројните изненадувања за неговите обожователи оваа пролет. Влезниците за концертот одамна се пуштени во продажба преку продажната мрежа kupikartizase, но исто така можат да се набават и на други продажни места.
Сите оние кои ќе присуствуваат ги очекува неверојатна емоција и забава, а Саша изјави дека на сцената ќе ги испее сите свои најголеми хитови во музичката кариера до овој момент, вклучувајќи ја и својата најнова песна „Prevarena“.

Потсетуваме дека неговиот последен сингл „Prevarena”  кој официјално беше претставен вчера ( 4-ти април) во неговиот официјален канал во YouTube ги руши сите рекорди на гледаност со над 700.000 прегледи за 24 часа, а пејачот вети дека и оваа година ќе ги израдува многубројните обожователи со добри песни, а можеби и со нов музички албум.
Песната е по музика на грчкиот композитор Гиоргос Сампанис, со аранжман на Костас Калимерис, додека пак неверојатниот текст е дело на Марина Туцаковиќ. Видеоспотот кој се оценува како еден од најскапите спотови снимени во соседна Србија е снимен во Мароко, претставувајќи ја убавината на ориенталот низ нотите на песната.

Автор - Наташа Секуловска



No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.