Header Ads

(Видео) Анелија и DJ Живко Микс ги здружија своите таленти во „Шампион“



После силниот старт на 2019-та година со баладата „Сърцето ми“ и песната „Заради теб“ бугарската попфолк дива Анелија го претстави својот нов дует со Dj Живко Микс, кој носи наслов „Шампион“.

„Јас го правам тоа за кое сметам дека е правилно. За мене како изведувач е многу важно да сум широко отворена за соработка во секоја смисла на зборот и сметам дека човек треба да дава се од себе си, а јас тоа го вложувам во музиката и песните“ – сподели пејачката за телевизија Планета.
Песната е дело на композиторот Велислав Драганински, додека пак текстот го напиша Петја Радева. Режисер на видеото е Buddubbaz, со камерман Петко Андонов.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.