(Видео) Александра во соработка со Бурхан и Azat King
После дуетот со човекот – глас Тони Стораро, младата
бугарска изведувачка Александра го претстави својот нов музички проект кој се
вика „Диамант“. Песната е во соработка со Бурхан и нашиот познат кларинетист Azat
King.
„Песната е во забавен стил. Ја создадовме за сите наши обожователи
низ Европа, кои сакаат луди ритми и „жешки“ забави. Таа е специјален поздрав за
сите матурантки, идни невести и за сите убави жени“ – сподели пејачката за нас.
За видеото Александра се довери на режисерот Добромир
Николов, а ексклузивно ви
откриваме дека младата пејачка подготвува и други проекти со кои ќе се
претстави оваа година, но засега не открива точен период кога би се појавиле на
екран.
Во прилог, погледнете ја песната „Диамант“:
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв
No comments