(Видео) Екстра Нина даде живот на песната „Забранената любов”
Бугарската емблема на попфолкот Екстра Нина ги израдува своите обожователи со
видеоспот кон песната „Забранената любов”, која е дел од албумот „Белязани с
любов”. Тој се појави во 2016-та година кога пејачката одлучи да се врати
повторно во редиците на музичката компанија „Пајнер“.
Парчето е по музика и аранжман на Свобода Даскалова,
додека пак за текстот се погрижи Пламен Велинов. Режисер на спотот, кој носи
летно расположение го изработи Николај Скерлев, а ексклузивно ви откриваме дека
изведувачката работи паралелно на уште неколку проекти кои планира да ги
издаде оваа година. Што се ни има подготвено, останува да видиме.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв
No comments