Header Ads

Ексклузивно: Погледнете го првиот дует на Галена и Миле Китич



Најкоментираниот дует во моментов, кој предизвика лавина од позитивни коментари низ целиот Балкан е „Добре ли си“ на Галена и Миле Китич.

За неговата појава започна да се зборува уште во текот на 2018-та година, кога во „Арена Армеец“ во Софија, Бугарија познатиот српски пејач ја избра Галена за гостинка на својот концерт со кој прослави 35 години на музичката сцена.


Парчето е по музика и аранжман на Даниел Ганев, додека пак текстот го напишаа Анастасија Mавродиева, Марта Савиќ, Росен Димитров и Мирослав Митев. Режисер на видеото е Георги Манов, кој целосно ја доловува суштината на песната, претставувајќи ја љубовта низ емоциите на двајцата актери.

“Одамна сакав да направам песна со некоја бугарска пејачка. Долго време мислев со која и не можев да се одлучам. Тогаш некој ми кажа: „Галена има убави песни, пее добро и направи дует со неа“. Навистина сум задволен од изборот, затоа што Галена е прекрасна не само како пејачка, но и како човек“. – сподели Миле Китич пред телевизија „Планета“.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.