(Видео) Бугарската пејачка Вања предизвика воодушевување кај својата публика со песната „Живот мой“!
Бугарската пејачка Вања го претстави својот прв самостоен
музички проект за 2019-та година, после успешниот дует со DJ Дамјан - „Ще ме предадеш ли”.
Песната „Живот мой“ наиде на одличен прием кај публиката,
која веќе бележи рекордна посетеност во официјалниот канал на телевизија
Планета во YouTube. Парчето по музика е турски фолкор, со текст напишан од страна на
самата изведувачка и Јордан Гергов, додека пак аранжманот го направи Даниел
Ганев.
Видеоспотот го снимаше познатиот режисер Николај Скерлев,
а во него сексапилната пејачка блеска со впечатлив стајлинг и изглед, кој наиде
на позитивни коментари низ социјалните мрежи. Обожователите коментираат дека
изгледа подобро од секогаш.
Како што сподели Вања, мелодијата одамна и била една од
најомилените и за неа претставува голема чест што успеала да ја запише во
бугарска верзија.
Во прилог погледнете ја песната „Живот мой“:
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ
No comments