Header Ads

(Фото) Младата изведувачка Криси подготвува нов музички проект

Младата изведувачка Криси откако ја испрати изминатата година успешно, продолжува да работи со полна пареа.

После краткиот одмор во Банско, заедно со својот пријател Александар и нивни пријатели, таа сними онлајн емисија – продуцирана и раководена од страна на група тинејџери, а вооедно подготви и нова фотосесија, во која ќе ја видиме во малку поразлично светло. Покрај многубројните обврски, успеа да подготви нова песна за своите обожователи, за која се надева дека ќе им се допадне и ќе допре до нивните срца. Станува збор за балада, која ќе биде официјално претставена идниот месец, неколку дена пред празникот на вљубените Св.Валентајн.

„ Се направи еден многу добар и одличен проект, во кој ја вложив целата душа и срце. На сите на кои им го пуштив – многу им се допадна и немам трпение да ви го  претставам“ – сподели Криси за нас.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Лична архива



No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.