Header Ads

Ова е успех: Погледнете видеа и слики од турнејата на Елена Јовческа во Канада!

Елена Јовческа е една од најпознатите македонски пејачки, позната како амбасадор на нашата култура и традиција која со помош на музиката, но и со свирењето на нашите изворни музички инструменти како гајдата и зурлата, стана ценета и барана кај нашинците во странство.

На естрадата е повеќе од седум години, а веќе има издадено четири музички албуми кои се едни од најпродаваните во Македонија, но и кај нашинците во странство, а во моментов го подготвува својот петти музички албум, за кој верува дека ќе им се допадне на нејзините обожователи, а есклузивно ви откриваме дека ќе биде со чисто нови песни кои ќе бидат претставени наскоро.
Елена овие денови се врати од турнеја во Канада, каде што настапуваше по трет пат и изнесе многу концерти во текот на месец декември и јануари. Турнејата и беше една од најуспешна досега, со преполни сали, многу позитивни емоции и нови пријателства зад океанот, за што сведочат многубројни слики и видеа од настапите.

Благодарам на сите кои присуствуваа на моите настапи во Канада и на сите оние кои ме пречекаа со топло срце. За мене беше чест по трет пат да гостувам кај нив, за Новогодишните и Божиќните празници. Се надевам повторно да им гостувам наредната година, затоа што кога и да одам на турнеја во странство, за мене е чест и задоволство што луѓето уживаат во тоа што им го претставувам. Музиката е мојот живот и јас сум горда што насекаде кажуваат дека сум амбасадор на македонската публика. На сите моите турнеи сум пречекана како дома. Си го сакам својот народ и онолку колку што ги сакаш луѓето, те сакаат и тие тебе. Еве, јавно се заблагодарувам на сите што биле на моите концерти насекаде во светот“. – сподели Елена ексклузивно за нас.

Песната „Машала“ која повторно заживеа во нејзина изведба, беше една од најбрананите песни на нејзината последна турнеја, а додека пак големиот и хит „Горда прилепчанка“ го пееа со неумора и стари и млади, со што музиката повторно докажа дека не познава граници и возраст, а што сведочат многубројни видеа на нејзините профили низ социјалните мрежи.


За сите овие години на музичката сцена, таа стана една од најбараните пејачки, не само кај нас, но и во странство, со досега пет успешни турнеи во Австралија, една во Америка  и многубројните настапи низ цела Европа, а во моментов првиот настап после враќањето од турнејата во Канада е закажан за 3-ти фебруари во Пирок, Швајцарија, додека пак сите оние кои сакаат да уживаат во добрата забава и музика може да го посетат и нејзиниот настап во Венеција, Италија на 18 –ти фебруари, како и на 3-ти март во Лозана, Швајцарија.

Автор - Наташа Секуловска



No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.