Header Ads

(Интервју) Рајна: Подготвувам и нов попфолк албум, кој ќе излези оваа година!


Во новата година прва гостинка е бугарската ѕвезда на „Пајнер“ – Рајна. Родена е во Пиринска Македонија – град Сандански и со самата појава на музичката сцена пред 16 години го привлече вниманието на публиката со одличниот изглед, но и со големиот талент. 2018-та ја започна со својот четврт музички албум „Тешко мина младоста“, кој го подготвуваше цели две години, а кои се другите нејизни музички планови за  оваа година можи да дознаете доколку го прочитате интервјуто.

Здраво Рајна. Најпрвин ви благодариме за оделеното време да бидете наша прва гостинка во новата година. Каква е всушност Рајна кога не е под светлината на проекторите?

Многу сум емотивна, што на моменти дури и ми пречи. Едноставно сум многу осетлива, нетрпелива и тоа е нешто ми пречи секогаш. Она што го мислам го кажувам, иако не секогаш им се допаѓа на луѓето тоа. Во видеоспотовите изгледам провокативно, но всушност сум многу срамежлива. Не сакам да го споделувам личниот живот и да го го правам јавен, сакам едноставно да го задржам за себе си, а не да правам реклама со него.

Вашата музичка кариера, професионално започна пред 16 години. Но, сигурна сум дека македонската публика е заинтересирана за тоа од каде ја наследивте љубовта кон музиката и на која возраст започнавте да  пеете.

Татко ми долги години беше музичар, но  и моите баби се познати по тоа дека многу добро пееја, тогаш барем така мислев, е сега колку таа оценка е објективна не можам да кажам. Бидејќи тие тогаш постојано пееја, можеби едноставно ме „заразија“ со тоа. Иначе некој професионално да се занимавал со музика во моето семејство нема.

Имате ли некое животно мото по кое се раководите или се оставате на судбината?

Навиките се нешто што човекот најчесто ги менува  со возраста, но и со искуството. Во почетокот можеби на мојата кариера многу внимавав на тоа како луѓето ќе ме прифатат  и ќе ме оценат. Нели тоа се работи кои  на секој човек му биле важни. Со протокот на време јас разбрав дека е најважно самиот да си се допаѓаш, а не толку многу да чекаш на одобрувањето на другите, затоа што никогаш нема да го имаш на 100%. Секогаш ќе има такви кои ќе те мразат за нешто  и нема да те сакаат  и тоа во никој слуачј не треба да биде повод ти самиот  да не си одобруваш нешто за себе си.  Јас имам таков карактер поради кој сум многу самокритична. Другите не се толку критични кон мене, колку јас што сум самата кон себе си. Имам некаква тенденција кон перфекционизам, што не е добро. Затоа што никогаш не можеш да бидеш на 100 % задоволен од себе си и од работите  кои ги правиш.  И тоа е нешто кон кое работам за да го променам. Но, она кое сакам да го кажам, затоа што гледам има голема масовна тенденција кај луѓето околу мене и  многу се внимава кој и што ќе каже за нив, кој како ќе биде прифатен од останатите  и сметам дека тоа е многу грешно затоа што тоа е она што му пречи на луѓето да бидат среќни. Човекот треба да се стреми да го постигне својот внатрешен баланс  и да ги прави работите кои него му се допаѓаат, а не работите кои му се допаѓаат на другите.

На сцената сте вистински профисоналист. Планирате ли некој ден да не изненадите со еден солистички концерт?

Многу пати сум се мислела на таа тема, но никогаш не сум ја имала таа можност. Затоа што еден таков настан бара многу средства, а не е тајна дека работите кои  ги правам ги правам сама  и не чекам на спонзори, поради кое е многу потешко.  Организацијата на еден таков концерт бара не само средства, но и многу луѓе да бидат вовлечени во тоа, нешто кое на оваа етапа јас не можам да си го дозволам.  Но, живи и здрави дај Боже да  ја имам таа можност. Што се однесува на пример на претставувањето на моите народни пректи, затоа што имам веќе четири такви албуми, мислам дека би се случило нешто многу убаво ако се направи таков концерт, но времето ќе покаже.

Освен со попфолкот, Вие сте позната изведувачка и на народни песни. Што всушност претставува народната музика за вас?

Јас никогаш не ги разделувам двата жанра. Секогаш ги правев работите паралелно  и уште во почетокот на мојата кариера јас изјавив дека сакам да исполнувам народни песни, иако тогаш не го добив  одобрувањето од страна на нашата фирма, затоа што тие во тој момент сметаа дека јас ќе го поделам вниманието на обожователите од попфолк жанрот. Значи еден човек треба да има имиџ искрено кажано и така да те препознаваат.  Но, јас уште тогаш решив дека ќе одам на две патеки  и знаев дека тоа ќе биде многу тешко и дека ќе ги поделам луѓето од едниот и од другиот жанр, бидејќи  двата жанра се допират еден со друг и си сметаат, но решив да го направам тоа и во никој момент не зажалив, затоа што репертоарот кој го имам од двата жанра и  кога ќе одам на настап, секогаш има песни кои  и луѓето сакаат да ги слушнат. Така да, јас не сметам дека тоа ми ја попречи да бидат попозната фолк изведувачка или обратно. Напротив сметам дека двете работи се надополнуват едно со друго и дека ми помогнаа во целост на изградувањето на мојата кариера.  Инаку тоа е можеби малку под влијание и од мојот хороскопски знак Вага, затоа што сум многу амбициозна  и мислам дека балансирам добро и помеѓу двата жанра и ги имам хитовите и настапите.


Првиот ваш народен настап на големата сцена беше на фестивалот „Пирин фолк“ во 2001 година со песна „Вековна земјо“. Какви спомени имате од тогаш?

Си спомнувам дека бев едно многу возбудено девојче кое кога излезе на сцената едноставно се промени.  Во почетокот сите мои јавни настапи кај мене предизвикуваа силен стрес, што дури и беше очигледно (се смее). Но, со текот на времето успеав да ги намалам ефектите на тој стрес и веќе за 16 години мислам дека сум го постигнала тоа што сум го сакала, а стресот кој го имам пред секој концерт не е тој што беше во почетокот на мојата кариера.  Затоа што во почетокот многу ми беше тешко да се опуштам и да ја доживеам таа емоција која ми ја даваше публиката, едноставно се сеќаваше една бариера од моја страна. Но, се гледаше како луѓето ме примаа и им го гледав одобрувањето дека сум сакана и се радуваат кога ќе ме видат, но тогаш пак ќе повторам не можев на 100% да се ослободам и таа трема ми пречеше.  Сега се насладувам на секој мој настап, затоа што ја нема повеќе тремата.

Првиот албум за новата година кој што вашата музичка компанија го издаде, е вашиот нов народен албум, дали ќе ни го претставите на кратко.

Искрено тука се случи нешто интересно, затоа што тој е и последниот албум кој што нашата компанија минатата година го издаде, едноставно направивме само определени бројки затоа што јас многу сакав да ги израдувам луѓето за божиќните и новогодишните празници и тие пуштија  едно определно количество од албумот, кое моите најверни обожователи успеа да си ги купат, еден ден пред да заврши 2017-та година. Сега веќе се готови и останатите бројки кои беа предвидени. Инаку како што кажав јас, нова година, нова среќа и нов албум.  Сега ќе ги израдувам и со нова попфолк песна и ќе почекам еден или два месеци тој албум да се развие убаво и после тоа ќе ги израдувам и со попфолк албум. Така да 2018 година е годината во која јас ќе предложам два албуми на моите фанови, како во народната област, така и во попфолкот.

Дали песните „Песен за младостта“, “Елено ќерко“, „Писмо ми пише“, „Калино Калинчице“, „Гледай ме, гледай“, „Мома оди на вода“, „Елено моме“, ќе добијат свои тв-верзии?

Сите песни се со видеореализации, освен една која ќе биде реализирана во текот на пролетта. Тоа прави впечаток дека јас многу патувам и дека тоа се одразува на мојата работа, но јас ги правам работите во роковите во кои ќе си ги поставам. Доста сум организирана и овој албум народниот го подготувам веќе две години. И сите 14, сега веќе 13 песни си имат свои видеореализации, едноставно ги пуштам само на одредени периоди, затоа што не сакам наеднаш сите.

„Тежко мина младостта” е вашата песна с  фолкорната група МФГ Годлево,  која в рамките на две години, мелодијата има повеќе от 5 милиона прегледи в официјалниот канал PlanetaOfficial в YouTube, што за фолклорот е прецедент. Како се случи да ја запишете точно таа песен?

Таа песна е авторска песна . И еден ден моја обожователка од Банско ми ја пушти да ја слушнам, но не наоѓав време и кога решив да ја слушнам иако беше со постар запис и кога ја слушнав си реков оваа е мојата песна. Точно во тој момент се случија и едни тажни настани во моето семесјтво и некако таа песна дојде на време. И во рамките на една седмица им предложив на МФК Годлево да ја направиме во нов варијант со мене. Тие не можеа отпрвин да сфатат што им кажувам и дека само сакам да ја земам песната, но после им објаснав дека сакам да ја направам заедно со нив затоа што сметав дека и тие треба да бидат дел од тоа нешто. И таа песна во рамките на три месеци се пееше во секое делче на Бугарија, дури и на места каде што не ни очекував да се слуша таков тип на музика. Додека настапував во клубовите ја исполнував и гледав како мажи плачат додека пеев и ставав многу видеа од тоа во мојата народна страница. После тоа бев на една кратка турнеја во Америка и се сеќавам песната излезе во декември 2015 година, а јас турнејата во Америка ја направив во јуни 2016 година и дури таму луѓето  сакаа таа песна да ја слушнат.  И така веќе во рамките на две години има над 5 милиони прегледи затоа што ме прави многу среќна затоа што направивме една песна - еден хит без прецедент кој никој не може да го испори како таков. И се појавија многу луѓе кои тврдат дека песната е народна  и не знаат дека таа песна се пее многу години од МФК Годлево и не беше регистрирана. Во овој момент Пајнер ги држат правата на таа песна.

Дали истиот албум ќе може да го видиме и на ДВД еден ден?

Ами се надевам дека кога ќе ја снимам и последната песна со тв верзија ќе излези на ДВД. Обично така прават со народните албуми, само живи и здрави да сме можеби кон средината на годината ќе го направам.

Дъще моя“ веќе се претвори во омилена помеѓу публиката, освојувајќи ги и првите места во музичките топ листи. Очекувате ли да постигне ттаков голем успех?

Всушност тоа е авторска песна повторно и со авторските песни се случуваат работите малку потешко, иако „Тешко мина младоста“ го разби тоа мое сфаќање, но песната е се уште нова и не доволно позната за поголемиот дел од публиката  и тоа е песна која доправа ќе се развива според мене. Прво затоа што е многу тематична, второ затоа што е авторска и нема право друг да ја исполнува, трето затоа што е мелодична со силен текст.

Дали сте размислувале за дует со некој македонски изведувач?

Во Македонија едноставно немате слаб изведувач. Имате многу добри интерпретации пример на песната „Тешко мина младоста“, навистина има многу пејачи кои се добри и дури сум имала предлози, но досега ништо не сум реализирала затоа што јас ги правам работите кога ќе ги почуствувам, а не тогаш кога треба да се направат. Но, да за мене ќе биде задоволство затоа што сметам дека ќе се направи нешто интересно и убаво.

Сафари“ е песната во која ве видовме во една малку поразлична светлина. Задоволна ли сте од нејзиниот успех? Да очекуваме ли нешто слично од вас во иднина?

Јас сум човек кој многу се променува кон карактер, иако на пример не го променувам изгледот можам да изгледам доста различно, тоа е затоа што сум таква едноставно. Во таа песна не знам колку сум поразлична, повеќе сум попровокативна и јас низ годините имав и други провокативни видеа. Идејата на таквите видеа е да ме претстави во провокативно светло, но да не излезе надвор од рамките на добриот вкус. За мене  е многу важно работите да бидат умерени, а не вулгарни, затоа што ако ја поминеш границата сексапилот може да биде вулгарност и нешто не толку убаво. Убаво е да се има една доза на сексапил, но умерен и сметам дека со таа песна го направивме тоа. Таа песна која излезе денес „Зле те чувам“ исто така е провокативна, но повеќе се сакразам во себе, похумористична. Односно успехот на „Сафари“ сметам дека доби една малку поразлична публика и луѓе кои на пример не ја слушаат оваа музика, но баш оваа песна им се допадна. Многу често го слушам тоа и прочитав и доста коментари, што е многу убаво затоа што јас сакам кога различни луѓе ќе го оценат она што го правиме. Но, да не заборавиме дека всушност јас не сакам да правам еднобразни песни и баш со таа песна јас изненадив многу луѓе дека имам контакт со танцување на шипка (се смее). Искрено јас пред видеоспотот не знаев како се танцува, но за време на снимањето кога ми рекоја дека може да танцувам на него, им реков дајте ми нешто посложено, не сакам лесни работи. Иначе тоа е нешто кое е многу тешко и треба да си многу физички силен во раце, нешто со кое јас не можам да се пофалам, но после спотот толку многу ми се допадна тоа, што сега еднаш неделно така за себе одам на часови и полека напредувам, но тоа е нешто што се учи со години. Но, тоа не може да ме плаши. Кога јас ќе намислам нешто и го правам. Ете на пример, пред две години си решив дека ќе научам нов јазик и за една година го научив шпанскиот јазик.

Дали танцувавте од секогаш?

Не, вистината е дека пред 2009 година  пред да се јавам на Vip Dance јас немав никаков допир со танцувањето. Тоа искрено не го веруваат поголем број од луѓето затоа што пред тоа во моите спотови си танцував, имаше спотови во кој земав и балет за да разнобразам малку и кога го правев тоа покрај за спот, беше за некој настап или турнеја. Немав тренирања кои да ги посетувам редовно. И кога се јавив на Vip Dance јас се сретнав со многу различни стилови кои ми се допаднаа. Кога победив во шоуто и тоа заврши, после тоа паднав во една депресија од една година во која не сакав да танцувам воопшто.  Можеби ми недостасуваше шоуто и не знам што ми се случи и кога помина одредено време почнав да танцувам пак, но не баш сериозно поради настапите. Потоа се запишав на курс и тренирав само четири месеци на салса и престанав, затоа што имав закажана турнеја во САД за два месеци и така никогаш не сум танцувала повеќе на часови повеќе од четири месеци. Исто како и пеењето и тоа ако не ти доаѓа од внатре, нема како да се случи. Очигледно тоа се таложело во мене и го чекало моментот да исплива на површина.

Да ве очекуваме ли наскоро во Македонија?

Јас минатата година имав еден настап во Свети Николе на еден фестивал. Се надевам оваа година да имаме повеќе поводи за средби.

Има ли во животот нешто кое сте сакале да го направите, но сте немале можност. Да направиме едно мало резиме. Вие сте позната како една од најпзонатите пејачки во Бугарија кои сакаат да патуваат и дали веќе имате одбрано каде ќе ве однесе идната ви екскурзија?


За сега на планирам да патувам, бидејќи во моментот работам. За тие патувања се сака и работа (се смее). Сега ноември, декември, јануари и фебруари ќе работам и евентуално ако патувам ќе биде април месец. Омилено место ми се Карибите и поспецијално регионот на Куба, затоа што ни самата не знам зошто ја сакам толку многу. Има некоја магија, нешто кое ме привлекува без да размислувам., дали е музиката или луѓето не знам. И минатата година баш ова време два месеци живеев во Куба и сега сум малку носталгична и веднаш ми станува тешко и депресивно и имам многу убави спомени од таму. Пак ќе ја посетам, но кога не знам. Живи и здрави да сме ако е пишано одам април месец, ако не на некоја друга дестинација. Сега сум само целосно предадена на работата и сепак пак ќе повторам подготвувам попфолк албум. Иначе фебруари планирам турнеја засега уште не знам колку концерти ќе се и колку време ќе бидам на територијата на САД и Канада, не сакам да зборувам пред време. Но, сигурно ќе се десет концерти таму. Имам еден сега концерт во Лондон со Здравко Мандаджиев  и ќе биде целосно под мотото на народната музика со мојот колега. Имам понуди за настап и во Шпанија да им гостувам пак, но тоа не е уште потврдено. Јас пак ќе патувам, но овој пат по работа. А, април кога ќе бидам послободна од задачи ќе си дозволам едно патување во рамките на десет денови, некаде околу Велигден. Имам и пријателка во Швајцарија која живее таму и можеби ќе и наминам неколку дена на гости.


Интервју: Наташа Секуловска
Фото:Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.