Header Ads

Ивана се врати на музичката сцена со песната „Твое копие“



Пејачката на народот, како што ја нарекуваат бугарската пејачка Ивана после долгата пауза се врати на музичката сцена посилна од секогаш.

Во првите минути на новата 2018-та година, таа во официјалниот канал на телевизија „Планета“ ја претстави својата најнова песна „Твое копие“. Парчето е по музика на српскиот композитор Бојан Васиќ, со аранжман на Ленко Драганов, додека пак силниот текст  го напиша поетесата  Мариета Ангелова.
Видеоспотот кој беше снимен во хотел “Landmark” в Пловдив, од страна на  нејзината ќерка Теодора Димитрова, ја доловува една тажна љубовна историја во кој како главна актерка се јавува самата Ивана.

Во прилог погледнете ја песната, која со сигурност ќе се  претвори во еден од хитовите на сезоната.
Автор - Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.