Header Ads

(Видео) Премиера за вториот дует “Дали ще те оставя” на ДесиСлава и Джордан

За помалку од три месеци после премиерата на баладата „Ангелите плачат“, ДесиСлава и Джордан ги израдуваа нивните обожователи со втор дует, кој е кон динамично музичко парче, наменето за клубовите и дискотеките.

“Дали ще те оставя”  е по музика и аранжман  на Даниел Ганев, додека пак текстот е на Петја Радева. Видеото е дело на режисерот Људмил Иларионов – Љуси, кој овој пат создаде љубовна историја помеѓу двајца вљубени, а кои ги глумат Анджелика Атанасова и Јордан Јорданов. Во него не се појавуваат Джордан и ДесиСлава која се породи пред неколку дена и на свет го донесе нејзиниот втор син Борис, оставајќи на режисерот целосно да ја развие приказната од песната со актерите.
За помалку од четири дена  “Дали ще те оставя”  во официјалниот канал на телевизија „Планета“ во YouTube Planeta Official  има над 500.000 прегледи и во моментов е на прво место по популарност во соседна Бугарија. 
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.