Header Ads

Преслушајте го албумот "Koma" на Сека Алексиќ, кој го воодушеви целиот Балкан!

Српската музичка ѕвезда Сека Алексиќ пред неколку дена ги израдува своите фанови, пуштајќи го во продажба својот нов, осми музички албум, под наслов „KOMA” кој со сигурност никој од вас нема да го остави рамнодушен.

На албумот се наоѓаат девет нови песни, а првиот сингл „Evo“ за кој беше сниман и видеоспот, преку ноќ се претвори во вистинска сензација, регистрирајќи над 11.000.000 прегледи за само нецел месец во неjзиниот официјален канал во YouTube, додека  останатите песни  секој ден собираат сѐ повеќе популарност, со што се очекува албумот да биде еден од најпродаваните оваа година.
Со овој музички албум, пејачката се врати на музичата сцена после подолгата музичка пауза што ја направи поради раѓањето на својот син Јаков, а истовремено своите фанови ги изненади и со сет нови фотографии, кои се дел од нејзината најнова фотосесија, истакнувајќи ја совршената фигура после породувањето.

Во прилог преслушјате го целиот албум - "Koma".

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Сека Алексиќ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.