Header Ads

Румина се враќа трумфално на музичката сцена!

Сексапилната пејачка Румина, наскоро ќе го направи своето триумфално враќање на музичката сцена.

По речиси 4 и пол години отсуство од поп-фолкот, пејачката на хитовите „Жестоко", „Пий една студена вода“  и „Казах ти“ се врати во топ форма, како времето за неа да застанало!
Таа се оддалечи од музичката сцена, кога го роди синот Мајкал и се оддаде целосно на грижата за него и семејството.

"Животот на секој еден од нас е исполнет со соништа. Мојот сон беше да пеам и да пливам во океанот наречен музика! Не наоѓам посоодветно време, а имено денес на мојот роденден (12.04), да ви споделам дека наскоро може да очекувате нови проекти од мене, многу изненадувања, како и моето враќање на музичката сцена! Ве бакнувам и прегрнувам!" - напиша Румина во официјалната страница на Фејсбук.

Нејзините фанови  со нетрпение го очeкуваат новиот хит на пејачката, но засега останува во тајност дали ќе продолжи со своите поранешни продуценти од "Ara Music", или се е насочена кон друга музичка компанија.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Лична архива/Румина

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.