Header Ads

Слушнете го хитот „Македонско девојче“ во изведба на бугарската ѕвезда - Преслава!

Преслава важи за едно од најактуелните имиња во бугарската музичка продуцентска куќа „Payner“ во последните 13 години. Прогласувана е за најдобра пејачка неколку пати по ред, секогаш полнејќи ги салите и клубовите каде што настапува.

Пред неколку дена пред да одлета заедно со нејзината колешка Анелија во Германија, каде што минатата вечер (8.04.) имаа заеднички настап во салата Carl Benz – Arena во Stuttgard, таа на својот настап во Благоевград, во дискотеката Night Club The Face, ги изненади присутните со исполнувањето на нашиот голем хит „Македонско девојче“, во чија изведба се приклучи и Елена Велевска. Со тоа уште еднаш се докажа дека кога е во прашање убавата музика, границите не се важни, а бугарската публика пееше во ист глас со неа.
Преслава - Благоевград, Night Club The Face
Во прилог, ви претставувaме ексклузивно дел од изведбата на песната.

Автор - Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.