(Видео) „За мене край си“ на Джулија ft. Анелија со над 1 милион прегледи за само една недела!
Джулија ја претстави својата најнова песна „За мене край си“, која претставува
една интересна соработка помеѓу младата ѕвезда на телевизија „Планета“ и музичката
продуцентска куќа „Payner“, со едно од најактуелните имиња во бугарската музика
– Анелија.
Видеоспотот кој е дело на
Александар Молов, веќе се радува на огромен интерес од страна на фановите, регистрирајќи
над 1 милион прегледи за само една недела од неговата премиера во официјалниот
канал на телевизија „Планета“ во YouTube – PlanetaOfficial, но предизвикувајќи интерес
кон него и во Холандија, поради тоа што во еден кадар пејачката се појавува со
знаме од нивна провинција.
"Кога моите
стилисти ми понудија да се снимам со овој
спектакуларен шал, веднаш се согласив, бидејќи тој беше убав акцент во
целокупната визуелна концепција. Знаев дека е холандски, но не претпоставував дека
тоа е знамето на една од провинциите. Среќна сум што една случајност, стана
причина мојата нова песна и спот да добијат популарност во Холандија и да
стигнат до толку многу гледачи ", сподели Джулија за нас.
За новото парче во својот репертоар, таа се довери на
Diamond Beat Production, додека пак
текстот е дело на Анастасија Мавродиева, a дали песната ќе се претвори во хит на пролетта останува да видиме.
Автор - Наташа Секуловска
No comments