Header Ads

(Фото) Ви ја пренесуваме семејната празнична атмосфера во домот на Елена Велевска

Нашата најпозната поп-фолк пејачка Елена Велевска, специјално за нашиот сајт сподели неколку фотографии кои се дел од празничната велигденска фотосесија, направени  во нејзиниот дом во Охрид, заедно со нејзиното семејство.

На Велики Четврток три дена пред големиот христијански празник Велигден, Елена сподели како се подготвува за празникот во топла и пријатна,  семејна атмосфера. Фарбајќи ги велигденските јајца заедно со своите деца, запазувајќи ја традицијата, првото црвено јајце да го бојадиса во раните утрински часови оставајќи го до наредниот Велигден, уште докажа дека  и покрај многубројните настапи и секојдневни патувања, многу ретко е дома и во моментов се подготвува за својата десетта турнеја во Австралија која започнува на 21 април, таа секогаш наоѓа време за да биде со своите најблиски.



Автор - Наташа Секуловска
Фото - Личен архив/Елена Велевска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.