Преслава и Вања ја запишаа нивната прва дуетна песна
Бугарската пејачка Преслава реши да ги изненади нејзините
фанови со веста дека подготвува нови песни кои да ги очекуваат во текот на оваа
година, меѓу кои и дует со новата пејачка Вања.
Двете изведувачката се пријателки одамна, но сега откако Вања веќе е дел од најуспешната музичка
компанија во Бугарија „Пајнер“, тие одлучија да ги здружаат нивните гласови во заеднички
музички проект.
Песната се вика „Нокаут“ и е по музика на Даниел Ганев, а
текст на Мариета Ангелова. Планираат да снимаат и видеоспот кој фановите им
можат да очекуваат во текот на месец март, а во меѓувреме Преслава сними и
видео кон нејзината балада „Ако утре ме губиш“, која е номинирана и за Балада
на 2014 година во годишните награди на Планета ТВ.
Автор: Наташа Секуловска
No comments