Преслава во Бугарија прогласена за Пејачка на 2014 година
Денес во салата 1 во НДК во Софија, Бугарија се одржаа 13
–те годишни музички награди на Планета Тв.
Преслава беше една од номинираните
во многубројните категории, но успеа да ја земи најголемата награда за „Пејачка
на 2014“ година, за која што се бореа нејзините колешки Джена, Анелија, Галена,
Цветелина Јанева и Емилија.
"Земала сум ја 6 пати, но возбудата секој пат е се
поголема. Многу Ве сакам" – изјави Преслава.
Исто така, таа ја зеде и наградата за Баладичен хит за прекрасната балада „Ако утре ме губиш“, која излезе во почетокот на декември минатата година, а пред неколку дена беше претставена и со видеоспот.
"Сакам да ви кажам дека оваа песна страшно многу ја
сакам. Мило ми е што е допре до вашите срца и се заблагодарам на сите кои ја подржаа" - рече таа.
Очекувајте слики и видео од настапот на Преслава, која
како и секогаш се претстави на ниво и беше една од оние која успеа цела сала да ја
дигне на нозе и да пее со неа.
Автор: Наташа Секуловска
Слики: Лична архива и Планета ТВ
No comments