Джена наградена со Песна на годината на музичките награди на Планета ТВ
Веќе се јасни носителите на Годишните музички награди на
телевизија "Планета" за 2014 година.
Наградата за Песна на годината
ја доби Джена за нејзиниот хит “Моли се да не почна“. Пејачката успеа да собере
најмногу гласови и подршка од своите обожаватели и сосема заслужено го освои
овој трофеј.
"За мене, најважна е мојата публика. Таа е мојата
награда. Ви благодарам. Секогаш ќе Ви се заблагодарам прво на вас, бидејќи она
што го правите за мене не може да биде сменето. Јас сум најсреќната пејачка,
бидејќи Ве имам Вас. Благодарам на
Мариета Ангелова за текстот, благодарам на Оцко за музиката. Благодарам на
моето семејство и на сите кои се до мене "- рече таа.
Джена исто така доби и награда за најгледан видеоспот во
You Tube за песната „Моли се да не почна“, како и наградата за Амбасадор на
бугарската музика зад граница.
Автор: Наташа Секуловска
Слики: Планета ТВ
No comments