Header Ads

Интервју: Роксана „Нема поголема награда од љубовта на публиката“

Роксана, една од најпознатите бугарски пејачки даде отворено интервју за нас. Ќе дознаете многу работи за неа, за нејзините желби, планови, личен живот, новите песни и албуми. Ќе дознаете која македонска пејачка ја прогласила за нејзина наследничка, на кој македонски пејач му се восхитува. А, исто така дали си посакува некоја награда да земи на 24 февруари кога се наградите на Планета Тв? Сето тоа и уште многу други работи за кои искрено и отворено говори  ќе научите доколку го прочитате ксклузивното и  интервју на Рокси за Estrada World.

За почеток, многу се радуваме, што ја  прифативте поканата ни да ни бидете гостинка на нашиот сајт. Ова е ваше прво интервју за македонските медиуми?
-  Прифатив со задоволство да го направиме ова интервју. За мене е комплимент и чест овој интерес на македонската публика, а особено на вас од Estrada World. Да ова е моето прво интервју за македонските медиуми и ќе се обидам да бидам максимално сеопфатна во одговорите, за да задоволи љубопитноста на моите обожаватели во Македонија.
Што беше клучно да одлучите да се занимавате со музика професионално?
- Јас сум израснала во музичко семејство и од мала сум опкружена со оваа магија. Мојот татко е музичар и пејач. Тој свири на ударни инструменти и пее прекрасно. Кога се собираа на проби целиот оркестар, јас секогаш се вртев околу нив и секој пат сакав да изпеам  нешто. Иако мојот татко секогаш беше критичен кон мене во врска со пеењето ми. Дури и сега многу тешко си дозволува да ме фали, но тоа е затоа што сака да сум уште подобра и да ми даде уште повеќе потик. Неговото мислење е важно за мене и во моментите во кој ме фалил или честитал сум била вистински среќна. Тој ме сака многу и сака секогаш да пеам на ниво и да го давам максимумот од себе си во моите песни.


 Кој вас од почетокот на вашата кариерата ви беше најголема поддршка?
- Сите ме поддржуваа во моето семејство и се радуваа за мене. Моите браќа, моите родители, мојот син, мојот сопруг и моите пријатели сите многу ми се радуваа, уште во првото шоу "Стани поп-фолк ѕвезда" во кое учествував во Шоуто на Слави Трифонов. Каде всушност го добив и уметничкот псевдоним Роксана. Слави Трифонов е мојот кум тој одлучи да се викам така. Тој е човекот кој ми ги отвори вратите кон големата сцена за мене и ми го покажа патот по кој треба да одам. До тогаш јас бев само Антоанета Линкова, девојка од малиот град Кнежа што сакаше да го оствари својот сон да пее на големата сцена. Потоа во реалното музичко шоу "Гласот на Бугарија" ја добив љубовта на целa Бугарија. Не победив, но бев финалистка, за тоа и моите обожаватели ме наградија со  наградата - омилена на народот. Статуетката е во форма на CD, стаклена и зазема почесно место во мојот дом. Во овој формат ја сретнав Ивана која ми покажа како треба да стои една ѕвезда на сцената и да блеска, да биди себеси си. Таа ме подржуваше многу и во тешкиот момент за мене кога почина мајка ми, таа е човекот кој ме исправи на нозе и ми даде да разберам дека треба да живеам за моето дете и луѓето што ме сакаат. Ми рече „Посвети го овој талент на мајка ти, исправи се и направи вистинска и достојна кариера во нејзина чест, таа ќе се гордее со тебе таму некаде во небесниот рај“. Потоа се сретнав со г-дин Димитров и потпишав договор со фирма Пајнер.
А, кој ваш критичар?
- Мислам дека со претходното прашање одговорив без да сакам и на ова (се смее). Сите што ме сакаат, моето семејство на чело со татко ми најмногу, мојот најдобар пријател, тие се моите најголеми критичари, но и луѓето кои ме поддржуваат и се до мене во секој момент. Имам поддршка и од моите продуценти Марија и Митко Димитрови за што им благодарам од се срце дека поверува во мене. Многу од моите познатите колеги како Софи Маринова, Тони Стораро, Джена, Елена Паришива, Преслава, Галена, Анелија ме поздравија со добре дојде и ми посакаа успех. Големата македонска пејачка Джансевер исто така ме поздрави, дури бев нејзин гостин во нејзиниот шоу во Турција. Пред цела Турција таа ме прогласи мене за нејзина наследничка. Тоа е големо признание за мене и ќе се стремам да правам музика со која да го оправдам достојно ова признание.


 Според вас која ваша песна досега ја има обележано вашата кариера, онаа по која луѓето ви препознаваат?
-   Дефинитивно со насловната песна на албумот ми "За всеки има ангел". Една уникатна балада на композиторот Силвестер Матеев и по текст на Мариета Ангелова.
Вашиот прв албум "За всеки има ангел" излезе во летото минатата година, а и заслужено е номиниран за Албум на 2014 година на наградите на Планета ТВ. Почнавте ли можеби со подотовка со нов?
-  Да така е, мојот прв деби албум е факт. "За всеки има ангел" е едно музичко скапоцен камен од дванаесет дијаманти. Во него има за секого по нешто од жежок фолк, супер денс парчиња, до нежните и сензуални балади. Благодарам на сите екипи со кои сум работела по него. За мене тои ќе остане мојата прво дете и колку и албуми да имам тој ќе остане најдраг албум. Да, се разбира работам веќе по втор албум, но не можам да се ангажирам со рокови кога ќе му дојде времето ќе излезе ,сакам сè да биде на ниво и да го надминеме успехот на "За всеки има ангел". Три од песните веќе ги претставив на мојата публика и кои се радуваат на љубовта од  публиката. Подготувувам многу работи, но за сега нема да откривам за да е поинтересно. Среќна сум дека албумот "За всеки има ангел" е номиниран за албум на годината, дури и да не ја земам наградата знам дека мојот албум е еден од петте најдобри во текот на  2014 година.


Наближуваат наградите на Планета ТВ, кои се вашите очекувања во врска со нив?
- Ќе бидам кратка, во однос на самите награди. Нека земе оној за кои  процениле обожавателите и би се радувала на секој, колку и да не ви се верува. Ако не земам награда значи не требало и тоа треба да ме мотивира следната година да работам уште понапорно и професионално. Секако ако добијам би била многу среќна, и кој не би бил кога трудот кој си го вложил е оценет. Јас вистински си признавам дека сакам една награда и таа е Амбасадор на бугарската музика. Ја заслужувам бидејќи 80% од моите настапи во 2014 беа низ Европа. На моите настапи доаѓаат различни луѓе од различни националности срби, македонци, германци, англичани, шпанци, па дури мароканци и индијци, сум видела природно се разбира  и бугари. Станува многу големо шоу, една голема балканска забава. Повеќе се возбудувам за самиот концерт, за средбата со моите фанови, зад сцената е одлично. Многу се забавуваме сите колеги, си зборуваме, се шегуваме, на овие концерти сите сме заедно и секогаш има што да си кажеме. За мене поголема награда од тоа -целата сала да експлодира и да ме расположи и да пее со мене нема. Го очекувам концертот со нетрпение и веќе мојот стилист Стојан Апостолов го разгледува фустанот  со кои ќе се појавам на големата убава сцена сала 1 на НДК.
Песната „ Ще го понеса “ одлично ја прими публиката, а во спотот се прикажувате и добри актерски вештини ...
-Многу убава песна со уникатен текст и музика. "Ще го понеса“ е на познатиот композиторот Велислав Драганински и по текст на Борислава Валентинова (сестра на Джена) и мојата колешка Джена. Спотот е дело на Јордан Петков кој е мојот омилен режисер. Се радувам дека им се допадна на фановите и една од најпосакуваните и најпорачуваните песни од нив. Да, во спотот покажуваме многу актерски вештини и мислам дека се справувам добро. Мојот сон е да учествувам во филм и клиповите ми една мала проба за тоа. (се смее)


Подготвувате ли во моментов нова песна, на кои автори ќе се доверите овој пат?
- Да, работам на неколку нови проекти за кои засега нема да откријам ништо овој пат сакам да е изненадување. Два од проектите се речиси готови. Едната песна е на Оцко - македонски композитор и голем талент, а втората повторно на Велислав Драганински. Ќе има и дуети, но кога ќе дојде време и ќе дознаете. Изненадувањата од мене претстојат.
Изјавивте пред некое време дека подготвувате дует со некој познат изведувач. Ќе ни откриете ли некој детал ексклузивното за нашиот сајт?
-Ќе кажам само дека подготувам и размислувам околу неколку дуети, но нема да откријам со кои пејачи се. Во моментов водиме преговори со две балкански ѕвезди навистина ѕвезди и сакани изведувачи на Балканот, но кога сè околу идните ни проекти е јасно и подготвено ќе ја откривам помалку завесата. (Се смее). Се надевам дека се ќе оди по планот и ќе ги зарадуваме фановите. Со моја колешка во Бугарија исто така имаме намера да изпееме нешто заедно, бидејќи фановите ни го очекуваат, но кога ќе дојде време ќе дознаете кои се. Многу сум суеверена и преферирам да не коментирам. Не застанувам да работам и да правам убави песни за моите обожаватели.


Баладата "Осамени хора" излезе во декември, а има силен текст и порака. Што ве потикна да запишете таква песна?
- Баладата "Осамени хора" е една поинаква песна, сакав да изпеам нешто што носи порака, но овој пат да е за онаа другата љубов која недостасува во нашиот секојдневен живот веќе. За почит, за тоа да не забораваш кој си. Во светот има многу осамени луѓе во Бугарија, за жал исто така. Во оваа песна ги опишувам различните видови осаменост. Сиромашните и возрасни луѓе кои немаат пари дури и за леб и живеат на работ на сиромаштијата, напуштените деца во домовите за деца без родители или скитници  несакани по улиците, луѓето измамени и повредени заради тоа што сакале многу и некој ги искористил чувствата им и ги ограбил и душевно и матерално и секакви паднале во една дупка само затоа што сакале, дури најбогатите луѓе богати, но осамени среде целиот рај во кои живеат. Идејата беше да го натерам секој  човек да го отвори своето срце кон другите, да подаде рака, да се научи да го прашува човекот до себе си, „како си, имаш ли потреба од нешто, сакаш ли да разговараме“... да бидеме свесни тогаш светот би бил многу поубав и насмеан. Се гордеам дека "Осамени хора" е моја песна. Благодарам на Дони Василева за овој неповторлив текст и на Симеон Соммлев за оваа магична музика. Претстои до неколку дена да снимам и видеоспот на баладата "Осамени хора". Очекувајте го наскоро.
Кое е најважно за вас, кога избирате нова музика или текст за идниот ви проект?
- Сето тоа има значење кога правиш песна. Сè е важно-музика, текст, пеење, инструменти сето тоа инаку нема да ја има онаа магија која те тера да трепериш кај баладите или пак ти го подигнува расположението на максимум и те тера да се разиграш. Песната е како едно убаво јадење или колач, и ако не ги ставиш сите производи ќе го изгуби вкусот и сепак нешто ќе му недостасува и нема да можеш да му се насладиш. За тоа со моите песни не правам договори. Се случува да си ги видам грешките и се стремам да не ги повторувам, бидејќи сакам мојата музика да е почитувана и ценета од луѓето и да остане во времето.


Неодамна бевте наградена од бугарското Министерство за култура за „Придонес во развојот на ромската култура“.
- За втор пат бев наградена од високата институција со признанието за "Придонес во развојот на ромската култура". Оваа висока оценка на министерот за култура г-дин Вежди Рашидов ме тера да се гордеам уште повеќе со своето потекло. Се чувствувам многу посебна. Во исто време сфаќам дека ова е и голема одговорност. Ќе се стремам да продолжам да бидам пример не само кај Ромите, но и воопшто во животот. Сепак, да не заборавиме дека и јас како и сите луѓе имам своите предности и минуси. Благодарам и уште еднаш за големите аплаузи по настапот мој со мојата нова балада "Осамени хора" и "Василица" - песната која се претвори во химна за Василица на неверојатната Софи Маринова.
Имате ли чувство, дека популарноста ве измени?
-  Не сум се променила и нема да се менувам. Јас сум си истата каква што сум била секогаш. Само сега ме знаат многу многу повеќе луѓе. Зошто треба да се променам и спрема кого би прашала јас? Мене ме направи пејачка-народот бидејќи ми го оцени талентот и ми дозволи да запеаам на големата сцена. Да, сега сум многу зафатена бидејќи не застанувам да работам, ја вртам Бугарија и Европа се среќавам  со моите обожаватели, правам музика и јас како и секој човек се изморувам, но пеењето е мојот живот, ја  сакам својата работа и кога ќе се наспијам сум подготвена за нови авантури. Нормално е има повисок стандард на живот, но тоа е повторно велам бидејќи работам. Моите пријатели се истите, но се запознав и добив многу нови, едно такво пријателство е со мојата колешка која сакам како сестра Марија Петрова благодарам и што ја имам и е до мене. Понекогаш ми е тажно бидејќи ретко го гледам мојот син, а сфаќам дека токму сега тој има потреба од мене. Данел се вика моето момче, тој е најголемото богатство во животот мој, мојот воздух. Тој ми е многу воспитан и не ми се налути зашто знае дека сето она што го правам е за неговата иднина. Парите не можат да ме менуваат тие се само средство за живеење едни имаат повеќе други по малку. Важно е кога имаш повеќе можности да не дозволуваш на знаци да те владеаат, а ти да владееш со нив, бидејќи ако дозволиш ли да станеш роб на тие хартии значи си се изгубил, но во исто време не си осознаваш дека си ги изгубил и пријателите. До тебе остануваат само грст лицемерини суштества кои ги сакаат твоите пари, а не тебе и при првиот погоден момент ќе те уништат ако не , едноставно ќе шмукат по крај тебе што се можат како вампири. Слава на Господ јас сум си истата и немам такви грижи. Сакам само сите да сме живи и здрави и да научиме да велиме благодарам и да ги признаваме успесите на другите. Јас многу пати сум кажувала дека немам конкуренција, бидејќи не се натпреварувам со никој и гледам во сопствената чинија и не завидувам на ничиј успех.

Кои се предностите, а кои се слабостите според вас кога сте јавна личност?
- Ми јас ти одговорив во претходното прашање. Предности не знам дали се, но сум среќна дека луѓето ме препознаваат, ме запираат. Се  фотографираат со мене и тоа ме прави многу среќна ,а и кој не би бил толку да е среќен да добива толку многу љубов секој ден. Моментите во кои сум вознемирена и тажна, а знам дека треба да излезам и да ги веселам луѓето тогаш ми е тешко. Таков момент имав кога ја изгубив мајка ми и требаше  другиот ден да пеам во "Гласот на Бугарија" верувајте ми сакав да се отвори земјата и да потонам. Но, благодарение на Ивана јас се исправив, но и благодарение на екипата на Слави, бендот и самиот Слави Трифонов јас кренав глава и си реков вечерва ќе пеам за тебе мамо бидејќи знам колку многу сакаше да го  видиш твоето девојче на оваа сцена, но не успеа (плаче ), а другото нешто што ми даде сила е моето семејство, мојот мал син. Но, тоа е животот тој продолжува и ние сме должни да  продолжиме напред. Тоа дека медиумите се мешаат во мојот личен живот не ме загрижува напротив јас сум на принципот -подобро да пишуваат за тебе, без разлика што ќе е, бидејќи после ќе имаш можност потоа да одговориш некаде, да внесеш јасност, отколку да престанат да пишуваат тогаш е страшно (се смее ). Се би простила, но  само од семејството ми да стојат подалеку инаку нема проблем, но кога сум им се лутила на нив, не сум им останувала должена. Бидејќи јас секогаш сум била искрена, многу љубезна и насмевната со нив и секогаш со задоволство сум одговарала на нивните прашања и кога ќе прочитам некоја невистина се прашувам „добро бе зошто  не се потруди да  ми се јавиш мене, а си измислуваш“? Но, ги разбирам и тие си го вадат лебот и  тоа е нивната работа. Инаку постојат многу сериозни медиуми со кој работам со големо задоволство.

Дали има некои ситуации некогаш кога сте посакале да останете анонимни?
- Дури да останам анонимна не, не сум имала. Пред неколку дена го организирав роденденот на мојот сопруг, но не му кажав. Останав анонимна за да го изненадам и успеав. (Се смее). Ми се има случено кога сум многу изморена да си ги  исклучувам сите телефони или пак не одговарам јас, но тоа само е затоа што сум сакала да се одморам.


Познато е дека вас мажите често ви досадуваат иако сте мажена, се сеќавате ли на некој интересен начин на кој се обиделе да ви се приближат?
- Јас добивам многу подараци од моите фанови - мечињата, цвеќиња, ми ѕвонат си зборуваме, разменуваме мислења и коментираме во мојата официјална страница на Фејсбук Роксана Official. Да, сум добивала  и непристојни предлози, но едноставно ги одминувам и не им обрнувам внимание. Сум сакана и почитувана жена,  но јас сум избрала момчето на својот живот и  тој ми е доволен. И покрај сè ми се допаѓа да знам дека сум сакана, тоа е комплимент за секоја жена....
Бидејќи вие сте позната личност, папараците постојано ве сликаат на сите страни, успевате ли сепак добро да се релаксирате во слободното време?
-  Да ме сликаат, но јас не се кријам и не се маскирам. Си одам каде што имам работа, одам на шопинг, на кафе и не се плашам, дури и не размислуваам за нив. Јас сум човек од народот ,мене можеш да ме видиш насекаде.

Што мислите за македонската, српската, хрватската, грчката сцена, слушате ли некои од нивните песни?
- Што да мислам- ние сме луѓе балканци со топла крв. Сакаме музика, јаки забави и знаеме како да се веселиме. Ние балканците имаме големи срца и сме насмеан и добар народ. Сонувам за прв концерт или настап во Македонија и Србија веќе професионално како Роксана. Пред да станам Рокси сум пеела и во Скопје и во Белград со оркестрите со кој сум работела, пред се сме биле често гости на празниците кај вас и во Србија. Мојот омилен македонски пејач е Тоше Проески, да почива во мир. Како што  ја пееше тој  "Зајди Зајди" никој сега да не може да ја испее така. Кога сум го слушала сум плачела. Во Србија исто така има пејачи кои ги сакам многу како Драгана Мирковиќ, Цеца, Брена, Шабан Шаулич, Зорица Брунцлик, Стоја, Јашар Ахмедовски и многу други големи ѕвезди .Си посакувам  другиот пат кога ќе ми земаш интервју да сум во Македонија на настап и да го направиме на живо. Слушам се разбира и пеам многу од српските и македонските песни, на мене тие песни ми лежат на гласот и јас ги сакам многу.

Учествувате во многу хуманитарни концерти ... Како позната личност ја  имате моќта да можете да го свртите вниманието на некои појави во општеството.
-  Секогаш кога сум била поканета сум реагирала и секогаш ако е во моја моќ би подала рака. Нема да коментирам на кој како и со што сум му помагала бидејќи е неубаво, а и не сакам да ме обвинат дека си правам реклама на грбот на туѓата несреќа. Но јас сум за тоа да има повеќе хуманитрани  концерти  и да си помагаме, да ме направам уште некое убаво лице да се насмее...
За крај, ние ви посакуваме се најдобро, многу убави песни, љубов, радост и идна средба во Македонија. Вашата порака до нашите читатели?
- Времето раѓа избраници, кои го кажуваат својот збор, го наметнат својот збор, останете такви! Посакувам многу наскоро да се сретнеме со вас во Македонија на мојот прв настап таму  и да се веселиме заедно. Бидете живи и здрави и многу среќни. Ве сакам пријатели и до нови средби : * 

Интервју: Наташа Секуловска за  Estrada World 
Фото: Лична архива



1 comment:

  1. Мојата приказна е веројатно типична, но најдов решение за решавање на мојата врска криза. Мојот сопруг падна во афера со друга жена на работа и ме остави.
    Јас ја добив програмата за каење на брак со духовен отец, ментор и исцелител. неколку дена по ручекот на правописот,
    Тој можеше да го врати мојот сопруг до мене, тоа беше изненадување за мене, дури не можам да објаснам како сето тоа се случи,
    тоа функционира како што ми вети.
    Мојот сопруг беше првобитната, но мојот сопруг Андерсон се враќаше дома за да се извини и побара од мојата прошка, денес сме посреќни од кога и да е порано, работите стануваат сè подобра, интересна и слатка.
    Не можев да го сторам тоа без помош на оваа Баба. Јас ќе се откажав и верував дека затоа што мојот сопруг се видел некој друг, тогаш рече дека сме готови. По лансирањето на Љубовта магија, мојот сопруг ме викаат на мобилен телефон и тој се врати дома еден ден потоа.
    Благодарен сум, му препорачувам на секој што има проблеми со бракот или врските за решавање на проблемот денес брзо да се консултира со овој духовен ритам за да се врати поранешната љубов, ве молиме нема потреба да се двоумете да испратите e-mail порака dr.oduduwaspellcaster@gmail.com
    Тел: +13019658857. Денес сите ваши грижи ќе бидат завршени. ова е моќна намера која толку многу верувам дека ќе му помогне на некој тука, бидејќи верувајте ми знам како се чувствува.

    ReplyDelete

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.