Header Ads

Премиера: Џесика Палашоска го претстави видеото кон „Готово е“, како и новиот албум

Младата македонска пејачка Џесика денес во хотел „Арка“ во Скопје пред многубројни пријатели и  колеги го промовираше нејзиниот прв албум „Ураган“.

Албумот содржи 9 песни, кои се на познатиот тандем Дејан Момировски и Борче Нечовски.  Покрај албумот, Џесика го промовираше и нејзиниот најнов спот кон една од новите песни „Готово е“.

-         -  Драги мои пријатели и обожаватели. Денес во Хотел "Арка" во Скопје се одржа промоција на моето прво цд "Ураган" во соработка со "Бокс" продукција и "Сенатор мјузик" а воедно го промовирав и моето ново видео за песната " Готово е " текстот е на Борче Нечовски, а музиката и аранжманот на Дејан Момироски. Уште еднаш ви благодарам на сите мои колеги, колешки, новинари и блиски пријатели што присуствувавте и бевте со мене на овој голем ден. Ве сакам.“ – сподели таа.


Estrаda World ви го претставува спотот кон новата песна, а очекувајте ги наскоро и другите нови песни од првиот албум на сексапилната Џесика
Автор: Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.