Роксана готова со две нови песни
Роксана ја запиша својата нова песна од Оцко.
Како што сподели таа за нас, пред неколку дена подготвува неколку нови песни и
дуети.
„Работам на неколку нови проекти за кои засега нема да
откријам ништо овој пат сакам да е изненадување. Два од проектите се речиси
готови. Едната песна е на Оцко - македонски композитор и голем талент, а
втората повторно на Велислав Драганински. Ќе има и дуети, но кога ќе дојде
време и ќе дознаете. Изненадувањата од мене претстојат.“ – сподели таа.
На текстот за новата песна, таа се довери на Лора
Димитрова. А, во меѓувреме таа планира да снима и спот за песната „Самотни хора“,
кое ќе биде факт до крајот на месец февруари.
Автор: Наташа Секуловска
No comments