Теодора -единствената бугарка на Меѓународниот музички фестивал Türkçevizyon
Теодора |
Теодора е единствената Бугарка, која ќе земе учество во Меѓународниот
музички фестивал Türkçevizyon оваа година кој ќе се одржи меѓу 10 и 13
септември во Денизли, Турција.
Ѕвездата на Diapason Records е првата претставничка на поп-фолк, која ќе
учествува на фестивалот каде што ќе претстави свои две од најпопуларните
песни, а тоа се: "Срцето не ми остана" и баладата "Во твоите
раце" која на гала вечерта ќе ја испее на турски јазик.
Инаку на овој фестивал присуствуваат уште и министри, членови на
турскиот парламент и претставници на локалната власт. Гала концертот
ќе биде пренесуван во живо од TRT MüzikChannel и TRT AvazChannel. Освен тие и
многу други медиуми, исто така ќе го емитуваат концертот во живо во другите
држави.
Автор: Наташа Секуловска
No comments