Бриана ги изненади фановите со учеството во „Гласот на Бугарија“
Бриана ќе е вистински дијамант меѓу кандидаите за музичкото шоу „Гласот на Бугарија“ кое започнува оваа вечер во 20 часот по БТВ. Пејачката која зад себе има долга и успешна музичка кариера, со сигурност нема да ги остави размнодушни гледачите оваа вечер кога ќе излезе на сцената.
Специјално за нејзиното учество, модната куќа "Princess" и
изработија фустан на кој сложија над 2000 камчиња. Како што пренесуваат
бугарските медиуми, дури и Слави Трифунов не останал имун на прекрасниот стил
на Бриана за која добила сами пофалби за време на пробите.
Фолкзвездата која сите ја поврзуваат како скандалната Бриана заради
аферите со Мартин Стоев и Мартин Камбуров, е можеби една од ретките во поп
фолкот, која има музичко образование и пее совршено песни на Витни
Хјустон,Талија, како и на Цеца.Доказ за тоа е и следното видео.
Автор: Наташа Секуловска
No comments